Маленко за Трајко Славески: луѓе со сериозни комплекси , корени на кодошлук и криминал! - Канал 5

Маленко за Трајко Славески: луѓе со сериозни комплекси , корени на кодошлук и криминал!

Маленко за Трајко Славески: луѓе со сериозни комплекси , корени на кодошлук и криминал!
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР доби нови возила и опрема од ЕУ за борба против криумчарењето мигранти

Министерството за внатрешни работи доби опрема од европската програма за зајакнување на борбата против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан. 

МВР доби нови возила и опрема од ЕУ за борба против криумчарењето мигранти

Опремата е составена од 7 возила, 5 камери, 2 детектори за срцева активност која асистира во пронаоѓање на лица скриени во возила како и 30 електронски уреди за детекција на фалсифицирани лични документи. Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски вели дека на годишно ниво има неколку илјади нелегални мигранти кои транзитираат низ државава, но додава дека од година в година, оваа бројка се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог законот против пушењето го помина првиот собраниски филтер

Со Предлог-законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филет во матичните собраниски тела – комисијата за здравство и законодавно правната каде беше усвоен едногалсно и без дебата. 

Предлог законот против пушењето го помина првиот собраниски филтер

Во образложението заменик минситерот за здравство Јовица Андовски посочи дека Законот ќе донесе нови, поригорозни правила за пушачите и дека на ваков начин законската регулатива се услогласува во европската. Според последните податоци од СЗО над 45 проценти од населението во Македонија конзумира цигари, што е меѓу највуоските стапки во Европа.

Минатата недела предлог законот за заштита од пушење минатата помина и на седница на Влада, по што беше објавен и на ЕНЕР. Првичната верзија на законот по средбите со бизнис секторот претрпе прпмени и наместо првичната идеја за тераси отворени од три страни, донесено е решение балконите во угостителките објекти да бидат отворени од две страни. Владата се откажа и од првичната замисла целосно да го забрани увозот на сите ароматизирани вкусови за електронски уреди – па наместо целосна забрана, строго ќе се регилира нивната употреба. Сепак останува целосната забраната за пушење во сите затворени јавни и деловни простори, училишта, градинки и здравствении објекти. Пушачите ќе мора да бидат оддалечени најмалку 20 метри од нив. Забраната опфаќа и автобуски и железнички станици и отворени пазари, а се забранува и пушење во автомобил доколку во него е присутно дете. По усвојувањето на законот во Собранието се очекува тој веднаш да стапи на сила, на на угостителите ќе им биде даден период од едена година да ги прилагодат објектите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски најавува поригорозно законско решение за регулирање на елетричните тротинети

Се најавува ново поригорозно законско решение со кое би се регулирала употребата на овие превозни средства.

Тошковски најавува поригорозно законско решение за регулирање на елетричните тротинети

Електричните тротинети предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот а со цел да се намалат и повредите настани како резултат на нивното несоодветно управување, се најавува ново поригорозно законско решение со кое би се регулирала употребата на овие превозни средства, подвлече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Последиците од нивното управување, особено управување не како што треба – без кациги, без опрема во рамки на инфраструктурата која ја имаме а факт е дека е несоодветна за управување на таков вид на превозни средства, навистина последиците се страшни. Ако јас лично се прашувам, јас би ги забранил електричните тротинети да се управуваат во Македонија. Но ќе оставам во рамки на една дебата да најдеме соодветно решение, тргнувајќи од аспект на повредени лица, тешко телесно повредени, загинати лица. Последниот збор секако е на собранието а секако дека ќе бидат консултирани професорите. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Што се однесува на системот Сејф сити пак, министерот е задоволен од неговите досегашни резултати и посочи дека до крајот на годината би можел да се зголеми обемот на прекршоци кои тој ги регистрира.

-Во иднина мораме да се фокусираме на што е можно поголем број на прекршоци што би можеле да се констатираат од страна на овој паметен систем. Секако дека говориме првично за погрешно паркирање, исто така во изминатиов период беа констатирани некои прекршоци што се поврзани со несоодветно управување на моторно возило – погрешно свртување и така натаму. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Во однос на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила кој вчера помина на прво читање во Собранието, Тошковски во моментов се работи и на дополнителни предлози. Според предлагачите од владеачката партија, со законот би се намалиле злоупотребите со станиците за технички преглед како и манипулациите со препродажба и регистрација на возила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер