Малчески: Шајка не е закована во државата, 60 % луѓето се на минимална плата

„Ниту таблите не ги сменија, тоа што ништо не исполнија, ние ќе ќутиме и ќе се криеме по ќошеви“

Гласноговорниците се со полни усти за почитување на договорот од Преспа, а тоа што не исполнија ниту неколку точки и запирки, па згора тоа дест пати не' именуваа како Скопје каде се да изреагираат? Грчкиот премиер не го изговори договреното име во Нивици. Ниту таблите не ги сменија, тоа што ништо не исполнија, ние ќе ќутиме и ќе се криеме по ќошеви. Ние имаме друг проблемот, тоа е извештајот на ЕК што е најлош до сега, ние имаме нули и единици, освен Македонската царина што има тројка. Повеќе ни се потребни реални реформи а не гола политика и пропаганда што ја гледавме седум години. Шајка не е закована во државата, 60 % луѓето се на минимална плата, тие полни усти со ЕУ. Да почекаме да завршат изборите во ЕУ и да видиме што тие ќе донесат. Мицкоски покажа силно лидерство и во Европската народна партија, Ковачевски го оставија пред врата да моли, па се бунеше дека не го пуштиле само на некоја вечера, рече Самоил Малчески во Само Вистина.

Блинкен оди на последниот состанок на НАТО, на врвот на агендата - поддршката за Украина

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен заминува на својот, можеби последен состанок на НАТО во Брисел каде денеска и утре - во фокусот на состаноците на министрите за надворешни работи е зајакнувањето на сојузничката поддршка за Украина.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен заминува на својот, можеби последен состанок на НАТО во Брисел каде денеска и утре - во фокусот на состаноците на министрите за надворешни работи е зајакнувањето на сојузничката поддршка за Украина пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа во јануари.

Блинкен ќе разговара за трансатлантските безбедносни приоритети, вклучително и поддршка на борбата на Украина против руската инвазија, продлабочување на соработката со јужните партнери на НАТО на Блискиот Исток, Северна Африка и подготовка за претстојниот самит во Хаг. Претседателот во заминување Џозеф Бајден нема да биде на функцијата кога лидерите на НАТО ќе се соберат на нивниот следен самит во јуни, но тој ги засили испораките на оружје за Украина во последните месеци и исто така ги олесни ограничувањата за тоа како Киев може да го користи оружјето.

Блинкен од Брисел ќе отпатува за Малта, каде в четврток ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Ѕаниоло го соблече дресот за да го прослави голот против својот поранешен тим

 Николо Ѕаниоло емотивно го прослави голот против својот поранешен тим.

Фудбалерот од средниот ред на Аталанта постигна гол синоќа против Рома во последниот натпревар од 14. коло на Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ во Рим заврши со победа на гостите со 2:0.

Прославувајќи го голот, Ѕаниоло го соблече дресот и истрча до навивачите од Бергамо. За ова доби жолт картон.

Да потсетиме, Николо мина четири и пол години во римскиот тим, по што се пресели во Галатасарај. За Аталанта настапува како позајмен од турскиот клуб.

Стармер призна дека војната во Украина може да заврши со мировни преговори

 Британскиот премиер, Кир Стармер рече дека зајакнувањето на поддршката за Украина е од најголема важност за Киев да може да влезе во какви било мировни преговори од најповолните можни почетни позиции. 

Тоа е најјасното признание досега од негова страна дека војната може да заврши со преговори, јавија британските медиуми.

Стармер ја истакна важноста за продолжување на помошта од Западот за Украина и предупреди дека руската победа ќе ја загрози безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа.

-Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и да направиме се што е потребно за да ги зајакнеме нејзините капацитети за самоодбрана онолку долго колку што е потребно, рече британскиот премиер во говорот во Лондон. „Да се ​​стави Украина во најдобра можна преговарачка позиција за да може да си обезбеди праведен и траен мир на начин кој ќе ја гарантира нејзината безбедност, нејзината независност и нејзиното право да ја избере сопствената иднина“, рече тој.

Забелешките на Стармер доаѓаат во клучен момент во војната, при што Русија напредува со најбрзо темпо од 2022 година, а новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој е длабоко скептичен за американската поддршка за Украина, вети дека ќе стави крај на војната веднаш штом ќе ја презеде функцијата во јануари.

Велика Британија е меѓу најгласните поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија и беше првата земја што му обезбеди на Киев понапредно оружје, како што се тенкови и крстосувачки ракети со долг дострел.

притисни ентер