Макрадули: Возењето велосипед придонесува и кон остварување на целите за одржлив развој

Денескa е Светски ден на велосипедот и со личен пример се приклучувам во одбележувањето, соопшти заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Водени од значењето на возењето велосипед, Обединетите нации го прогласија 3 јуни како Светски ден на велосипедот, со усвојување резолуција на 12 април 2018 година, за време на 72-та редовна сесија на Генералното собрание на ООН, во Њујорк. При тоа, Резолуцијата беше усвоена со консензус на 193 земји-членки, а со тоа се охрабруваат земјите-членки да посветат особено внимание на велосипедот во меѓусебните развојни стратегии и да го вклучат велосипедот во меѓународни, регионални, национални и локални политики и програми за развој.

Велосипедизмот со себе носи социјални, економски и еколошки придобивки.

Возењето велосипед придонесува и кон остварување на целите за одржлив развој (SDGs), особено во исполнувањето на глобалната цел SDG # 13: КЛИМАТСКА АКЦИЈА

Имено, еколошки гледано, велосипедот е симбол за декарбонизација на транспортот и општествата, затоа што се еколошки превозни средства за кои не се потребни фосилни горива.

Дополнително, возењето велосипед е:

– Добра вежба – со која имаме здрава физичка активност како дел од нашите секојдневни рутини. Светскиот ден на велосипедот е ден да апелираме повеќе луѓе да се придружат.

• Добро е за околината, животната средина, зошто нема валкани издувни гасови да го загадуваат воздухот.

• Добар е во денешни услови за социјална дистанца одејќи на работа и избегнувајќи затворен превоз.

Периодот на пандемијата нѐ обврзува на менување на некои навики, затоа:

• Во функција на реализирање на предлогот од #МКЗеленДоговор – треба да се одреди "Ден без автомобили", како и стимулирање на комбиниран транспорт, Smart Mobility. По препораките на Европскиот зелен договор, потребно е користење на модели на транспорт. Ова може да има многу различни форми, вклучително и ride-sharing, car-sharing, јавен превоз, одење пешки, возење велосипед и многу повеќе.

Или што би рекол Ајнштајн:

"Животот е како возење велосипед, за да одржиш рамнотежа мораш да се движиш."

Кабинет на заменик министер за животна средина и просторно планирање

Во Крива Паланка до 11 часот 21.45 отсто излезеност

До 11 часот излезеноста во Општина Крива Паланка изнесува 21.45 отсто, додека во Ранковце 14.65 отсто од граѓаните кои излегле на гласање.

-Од вкупниот број избирачки места во Крива Паланка – 47, обработени се податоци од 39, а според процентот на излезеност, 21.45 и обработени избирачки места, до 11 часот гласале 3644 гласачи од вкупно 16.986 избирачи со право на глас, рече претседателот на ОИК, Крива Паланка, Душко Арсовски.

Во општина Ранковце до 11 часот излезеноста е 14.65 отсто, додека во Кратово од обработени податоци од 23 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 14.41 отсто.

Русите се приближуваат до бројот од 750.000 ресгитрирани случаи на Ковид-19

Бројот на случаи со коронавирус во изминатите 24 часа во Русија порасна за 6.422 на вкупно 746.369, соопшти денес Центарот за борба против коронавирусот.

Според податоците од кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразени не надминал 0,9%, пренесе „Тасс“.

Во Москва се забележани 628 нови случаи на Ковид-19, додека во Санкт Петербург 264.

Според наводите на кризниот центар, до сега се излекувале вкупно 532.249 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа починале 156 лица, што е помалку во однос на вчера, кога тој број изнесува 175.

Вкупниот број на починале во Русија изнесува 11.770.

Чиле со кучиња ќе трага по заболени со коронавирус

Полицијата од Чиле започна да дресира кучиња за пронаоѓање на заболени со корона, кучињата  го откриваат присуството на вирусот преку потта на пациентите.

Обуката на кучињата започнала пред еден месец на примероци од пот земени од пациенти заболени со корона кои се на болничко лекување.

Три златни ретривери и еден лабрадор, стари меѓу 4 и 5 години кои досега се користеле за пронаоѓање на дрога, експлозив и исчезнати лица се првите кучиња на оваа обука.

Овој програм на обука настанал во соработка на чилеанската полиција со карабинерите и универзитетските стручњаци. Слични иницијативи неодамна започнале во Франција и Велика Британија.

Кучињата имаат 330 милиони сензори за мирис и нивната способност за откривање е 50 пати поголема од способноста на луѓето.

притисни ентер