Македонскиот јазик – темел на идентитетот и културната посебност - Канал 5

Македонскиот јазик – темел на идентитетот и културната посебност

Со пригоден настан во законодавниот дом, Комисијата за култура и туризам го одбележа 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, а по повод јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонскиот јазик од Круме Кепески.

Македонскиот јазик – темел на идентитетот и културната посебност

Настанот го отворија Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието.

Имери-Стафаи, како филолог и наставник по англиски јазик, истакна дека јазикот е жива материја која мора да се негува токму таму каде што се раѓа писменоста – во училишните клупи, а Граматиката на Кепески го воведе македонскиот јазик во тие клупи. „За да го разбереш светот и другите култури, мора прво да го владееш својот мајчин јазик“ – порача Имери-Стафаи.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, се повика на зборовите на, како што рече - патријархот на македонското писмо, македонскиот великан Блаже Конески: „Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

Бендевска се наврати на епохалното дело на Крсте Петков Мисирков „За македонските работи“ каде се вели дека јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се содржани и длабоко врежани сите народни чувства и стремежи што се пренесуваат од колено на колено. Познатите стихови на Петре М. Андреевски велат: „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами, и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“.

„Македонскиот јазик е кодот на нашата културна особеност и нашиот уникатен светоглед, во секој поглед“ – заклучи Бендевска.

За важноста на изучувањето на македонскиот јазик во образованието, со осврт на Граматиката на Круме Кепески зборуваа пратеничките: Даниела Христова, Иванка Василевска, Велика Стојкова-Серафимовска и Бисера Костадиновска-Стојчевска; како и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.

Христова истакна дека јазикот е тивок сведок на корените, во секој збор има историја, во секоја реченица – идентитет. Таа зборуваше за важноста на македонскиот јазик во образовниот процес, притоа потенцирајќи го практичниот пристап и примената на Граматиката на Кепески во наставата. Исто така, ја нагласи улогата на наставникот да се почитува улогата на зборот. Македонскиот јазик е сржта на образованието, посебно во една мултикултурна држава, каде ги поттикнува комуникацијата и разбирањето.

Во својот говор, Василевска истакна дека јазикот е повеќе од средство на комуникација, тој е примарна структура на знаењето, јадрото на образовниот процес. Со јазикот се предава, се учи и се создава знаењето. Тој не е само наследство, туку активна сила. Граматиката, пак, рече таа, е највисок степен на јазичната свест. Делото на Кепески е активно присутно во секоја училница и ја насочува образовната практика.

Стојкова-Серафимовска се осврна на она што значи јазикот во фолклорот, неговата улога во приспивните песни, детскиот фолклор, обичаите, брзозборките, гатанките, басните. Ја потенцираше мелодичната, впечатлива и ритмична македонска народна музика, 7/8 ритам, зачуваната богата дијалектика, собирачката дејност како алатка за зачувување на јазикот.

Од своја страна, Костадиновска-Стојчевска се наврати на вложените заеднички напори за носењето на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој има многу обврски, и побара негова примена час поскоро.

Да се зборува за важноста на македонскиот јазик во образованието со осврт на Граматиката на Круме Кепески, значи да се навлезе во темата на лингвистиката, рече професорот Пандев. Тој се осврна на значењето на изучувањето и заштитата на македонскиот јазик како трезор на природниот јазик, но и како јазик на науката. Во таа насока, стави акцент на историската фрекфенција на Охридската книжевна школа и јазикот на вештачката интелигенција, базирано на концептот надеж. Граматиката на Круме Кепески претставува една од првите две граматики меѓу европските јазици издадени по Втората светска војна, со што се поставуваат темелите на современата јазична норма – рече Пандев.

Професорот Дрвошанов се осврна на цитати од Круме Кепески, каде ги раскажува предизвиците и потешкотиите со кои се соочил создавајќи ја Граматиката, при што му помогнало познавањето на прилепскиот говор. Почетниот влог на професорот Кепески во македонската наука за јазикот, без сомнение, е исклучително голем – беше дециден Дрвошанов, и продолжи дека неговата благородна мисија овозможи низа генерации ученици и студенти да се образуваат од неговите учебници по граматика.

Завршна реч имаше Јованка Кепеска, која потенцираше дека Граматиката има национално значење, остварување на вековниот стремеж на македонскиот народ да создаде граматика. Кепески самоиницијативно ја создал Граматиката, без никакви притисоци во тоа време, потпишан како писател, а не автор. Тој е приврзаник на модерната филологија, со напреден пристап, индуктивен метод и едноставност во пишувањето. Граматиката е основа да се осознае македонскиот јазик, сублиматат на карактеристиките на македонскиот јазик кои го разликуваат од другите јазици. И како што напишал Кепески, така заврши неговата ќерка: Помил и посладок од мајчиниот јазик нема!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се прев

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

исоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања.

Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно?

Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“?

Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна.

Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената.

Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето.

Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања.

Треба ли мажот да ја плати вечерата?

Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи.

Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата.

Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската.

Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин.

Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“.

Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот.

Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе.

Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди?

Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа.

Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава.

Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа.

Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено е колку би требало да трае една работна недела (не е 40 часа)

Во Американскиот конгрес е претставен нов предлог-закон, со кој се бара да се скрати стандардната работна недела од 40 на 32 часа. 

Откриено е колку би требало да трае една работна недела (не е 40 часа)

Иницијативата на сенаторот Берни Сандерс и претставникот Марк Такано предвидува на вработените да им се плаќа прекувремена работа за секој работен ден подолг од осум часа. Промената би се воведувала постепено во текот на четири години, пишува The Independent.

Потрага по идеален број часови

Иако предлогот се однесува на 32 часа, се поставува прашањето дали навистина ова е идеалната мерка. Економистите од Универзитетот Дјук утврдија дека „оптималната“ работна недела за благосостојба на вработените е поблиску до 37 часа. Сепак, посочуваат дека позитивното влијание врз квалитетот на животот би се почувствувало и со 32-часовна работна недела.

„Нивото на подобрување на квалитетот на живот зависи првенствено од тоа дали овие промени директно ќе влијаат на работниците кои моментално работат исклучително голем број часови“, напишаа истражувачите во нивната студија од 2025 година. Своите наоди тие ги засноваат на податоци собрани од работници во Германија, кои, како и Американците, често работат повеќе од 40 часа неделно.

Американскиот стандард и пракса

Податоците откриваат значителна разлика во работните навики. Студија од 2016 година на Државниот универзитет во Аризона покажа дека американските работници поминуваат дури една четвртина повеќе време на работа отколку вработените во Европа. Според извештај на „Галуп“ (Gallup) од 2025 година, просечен Американец вработен на полно работно време работел приближно 43 часа неделно во текот на 2024 година. Стандардот за 40-часовна работна недела е во сила во САД уште од 1940 година, кога беше извршена измена на Законот за правични работни стандарди (Fair Labor Standards Act).

Влијание врз здравјето и продуктивноста

Стручните лица предупредуваат дека работна недела од 40 часа или повеќе може да има негативни последици. Долгите работни часови се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања. Студија спроведена во Франција во 2019 година покажа дека поединците кои работат барем еден десетчасовен ден неделно, во просек се соочуваат со една третина поголем ризик од мозочен удар во споредба со оние кои не работат редовно толку долги смени. Овој ризик беше најизразен кај лица помлади од 50 години.

Покрај здравјето, подолгите работни часови влијаат и на ефикасноста. Студија од Универзитетот Стенфорд од 2013 година укажува на тоа дека продуктивноста почнува да опаѓа по 50 часа работа неделно. „Автомобилот не функционира најдобро кога резервоарот му е празен“, објаснил минатата година психологот д-р Адам Борланд од Клиниката во Кливленд (Cleveland Clinic).

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата.

Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган.

Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил.

Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот.

Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера.

Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември.

Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот.

„Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар.

Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец.

Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“.

Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“

Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година.

За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“

„Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“

„Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“

Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози.

Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога.

Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“.

Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален.

„Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата.

„Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“

„Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер