Македонски концепт со став за албанскиот јазик во Македонија - Канал 5

Македонски концепт со став за албанскиот јазик во Македонија

Република Македонија има еден службен јазик на целата територија – македонскиот јазик.

Македонски концепт со став за албанскиот јазик во Македонија

Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот јазикот при полагање на правосуден испит и административни постапки, Претседателството на Македонски Концепт донесе јасен и непроменлив став: Секој кој живее и работи во Македонија, треба да го знае македонскиот јазик и да полага на македонски јазик. Исто како во секоја нормална држава, членка на ЕУ. Ни повеќе, ни помалку!

Република Македонија има еден службен јазик на целата територија – македонскиот јазик. Тоа не е прашање на политичка волја, туку на државна функционалност, правна сигурност и еднакви правила за сите. И тоа не ја намалува вредноста, ниту употребата на останатите јазици на етничките заедници во земјава. Албанскиот јазик не може да биде „над-јазик“, со поголемо значење од останатите јазици на другите етнички заедници. Сите сме рамноправни граѓани на Републиката, а со тоа и нашите јазици, кои се средство за разбирање, а не за етничка хегемонија.

Ова не е насочено против никого, туку е нормален стандард во секоја сериозна држава – јазикот на државата е темел на институциите, образованието, јавната администрација и општествената кохезија.

Истовремено, ги повикуваме сите граѓани на смиреност и достоинство. Протестот е демократско право, но не смее да прерасне во притисок врз институциите да се откажат од принципите на државност и од еднаквоста на правилата.

Македонски Концепт ќе се спротивстави на секој обид Македонија да се претвори во држава со паралелни системи и стандарди. Државата мора да функционира по јасни и исти правила за сите – без исклучоци, без двојни аршини и без наметнување.

Македонскиот јазик е обврска во јавниот систем. Тоа е услов за интеграција, а не тема за уцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепа Брена ја продава куќата во Мајами? Имот на брегот на океанот вреден речиси 18 милиони долари

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг, славниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ наводно  ја продаваат луксузна вила во Мајами. 

Лепа Брена ја продава куќата во Мајами? Имот на брегот на океанот вреден речиси 18 милиони долари

Имотот на брегот има шест спални соби, седум бањи и е проценет на речиси 18 милиони долари.

Брена и Боба наводно решиле да го продадат својот луксузен имот во Мајами, кој се проценува на речиси 18 милиони долари.

Иако нивниот дом се наоѓа во елитен дел од градот опкружен со скапи вили, изворите тврдат дека со години брачната двојка уживала во имот уреден во типичен американски стил, далеку од гламурот што ги придружува на Балканот.

„Брена оди таму да се одмори, ги извршува и сите домашни работи бидејќи нема слугинки или готвачки. Кога го напушта Балканот, Брена е сосема обична. Не е оптоварена од фактот дека во светот најмногу ја препознаваат луѓе од нашите простори“, вели извор запознаен со нивниот живот во САД.

Според истиот извор, Мајами е омилена дестинација на семејството Живојиновиќ, но тие сепак одлучиле да го стават имотот на пазарот.

Вилата се наоѓа веднаш на брегот на океанот, а е дизајнирана така што сопствениците можат да влезат во својот дом директно од јахтата. Се простира на неколку стотици квадратни метри и содржи шест спални соби, седум бањи, две кујни, како и отворен бар достапен со лифт.

Посебно внимание привлекува пространиот базен, тревникот на покривот и бројните тераси со поглед на океанот, кој се протега од повеќето соби во куќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари.


„Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија“, истакна Герасимовски.


Тој додаде дека ваквите програми претставуваат значаен поттик за младите кои го започнуваат својот кариерен пат.


„Верувам во потенцијалот на младите. Дел од нив ќе имаат можност да го продолжат својот ангажман во Општина Центар. Уверен сум дека практичната работа многу ќе им помогне да се формираат како професионалци , да го развијат тимскиот дух и комуникациските способности “, порача Герасимовски.


Општина Центар втора година по ред успешно ја реализира програмата за практикантство, за која е предвиден буџет од 1,5 милиони денари. Програмата им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејсон Момоа изненадувачки се повлече од снимање на филм

Холивудскиот актер Џејсон Момоа нема да ја игра главната улога во филмот „Helldivers“, филмска адаптација на популарната видео игра.

Џејсон Момоа изненадувачки се повлече од снимање на филм

Според американските медиуми, Момоа го напуштил проектот режиран од Џастин Лин, познат по својата работа на франшизата „Helldivers“.

Причината за неговото заминување сè уште не е објавена. „Сони“ веќе започна со потрага по нов главен актер, како и за други членови на екипата. Филмот е базиран на успешната франшиза од „Arrowhead Game Studios“ и следи елитна воена единица чии членови се борат против вонземски закани што ја загрозуваат измислената планета Супер Земја.

Иако деталите за заплетот сè уште не се познати, станува збор за научно-фантастичен акционен спектакл чија премиера е закажана за 10 ноември 2027 година.

Вклученоста на Момоа во проектот беше објавена уште во февруари оваа година, па неговото заминување беше изненадување за фановите на видео играта.

Во меѓувреме, Момоа останува еден од најбараните актери во Холивуд. Во наредниот период, публиката ќе го види во продолжението на филмот „Мајнкрафт“, проектот „Пријатели на животни“, како и делата „Fast Forever“ и “Protecting Jared”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер