Зеленски:„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“
2Зеленски:„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
МакедонијаМакедонски концепт реагира на заканите на бугарските шовинистиПолитичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради заканите на бугарските шовинисти, кои се’ се почести и упатени кон македонски граѓани, новинари, интелектуалци или политичари. Заканите се упатуваат најчесто преку социјалните мрежи, но не ретко и преку бугарските медиуми. Последната закана кон и преку директорот на националната телевизија Канал 5 Иван Мирчевски, упатена кон сите граѓани и кон Република Македонија со воена интервенција на бугарски авиони кон земјава, е само потврда дека македонското МНР и останатите институции треба итно да го прекинат молкот и поданичкиот однос кон бугарските шизофрени настапи и да реагираат на соодветно ниво. Доколку не реагираат македонските институции, тогаш мораме да реагираме сите македонски граѓани и да се самоорганизираме во одбрана на македонската чест и достоинство. МНР и МВР мора да ги пронајдат тие лица, кои не ретко се македонски државјани, дел работат и во македонската Влада и државни институции, и да ги санкционираат на соодветен начин. Тие одговори не ги бараат само Македонски Концепт, туку сите македонски граѓани во земјава. Македонски Концепт има нулта толеранција кон сите видови на шовинизам, а тоа дополнително ќе го покажеме откако македонските граѓани ќе ни дадат можност да управуваме со државните институции за прогон на сите видови криминал, вклучително и тој базиран на етничка или политичка основа. Тим за комуникација со јавност Македонски КонцептКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈАрамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат.Неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон. Народот не го прашува, сам одлучува. Поведе делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните, за концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција. Антимонот не е храна туку метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува. Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон. Ова е распродажба на штета на здравјето на луѓето. Не е партнерство. Целта се провизиите и диловите, тоа граѓаните веќе многу добро го знаат. Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат ефтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата. Македонија не е на продажба! Скопје, 23.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
СветЗеленски:„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“, напиша Зеленски.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира нов голем напад врз неговата земја.Зеленски, објавувајќи на телеграм за неговата средба со британскиот премиер Енди Бернам на маргините на Генералното собрание на ОН, рече дека Украина е во постојана комуникација со своите сојузници за обезбедување нова противвоздушна одбрана. „Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“, напиша Зеленски. Тој рече дека не може да има никаква дискусија за ублажување на санкциите против Русија „кога Украинците живеат секој ден под закана од ракетни и беспилотни летала“. Руските сили долго време спроведуваат големи ноќни напади со беспилотни летала и ракети, но ја променија тактиката во последните недели, започнувајќи постојани напади во текот на денот. Додека беше во Њујорк, Зеленски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за завршување на војната, вклучително и потенцијално билатерално прекинување на огнот врз цели поврзани со енергетиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Драма во Њујорк; полицијата на нозе; наредена итна евакуацијаСиноќа во Њујорк биле евакуирани неколку згради, додека полицијата истражувала сомнителен пакет во близина на улицата „Источна 43-та“ и Третата авенија на Менхетен.Сè се случило на неколку блокови од седиштето на Обединетите нации, каде што заседава Генералното собрание на ОН. Полициската управа на Њујорк (NYPD) ги затвори улиците од Источна 42-ра до Источна 44-та, меѓу Втората и Лексингтон авенија, и ги повикала граѓаните да ја избегнуваат областа околу Источната 43-та улица и Третата авенија поради затворените патишта и можните доцнења, пренесува „Фокс њуз“. 🇺🇸 Police locked down a corner of Midtown next to the UN over an abandoned suitcase 💀 The bomb squad is on 42nd and 3rd. Streets from 42nd to 44th are closed while they work the bag. Trump is rolling through the same neighborhood in a motorcade because half the planet’s leaders are in town. That is UN week in New York. Writer: Lucas https://t.co/BzZ6lZDj1Y — Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 22, 2026 Според непотврдени информации, сомнителниот предмет би можел да биде куфер оставен без надзор. Полицијата потврди дека зградите биле евакуирани, но не соопшти колку згради биле опфатени со евакуацијата. Откако интервенцијата завршила, улиците повторно биле отворени, а полициските службеници не сакале да соопштат детали за сомнителниот пакет, вклучувајќи ја неговата локација и содржина. Инцидентот се случи за време на Генералното собрание на ОН, на кое присуствуваат многу светски лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот одржа говор на Генералното собрание и оствари неколку билатерални средби со странски претставници.Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16