МакедонијаМАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранцијаДлабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата.Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата. Референдумското изјаснување во 2018 година се темелеше токму на таквите „ЕУ гаранции“, кои сега магично исчезнаа. Со тоа, паѓа во вода наративот дека болните и длабоки национални отстапки направени во минатото биле неопходни затоа што претставувале сигурен пат кон европското членство. Македонски Концепт отсекогаш предупредуваше дека секој меѓународен договор мора да биде заснован на принципите на реципроцитет, правна сигурност и меѓусебна доверба. Процес во кој едната страна, Македонија постојано презема нови обврски, а другата ЕУ не нуди никаква извесност за конечниот исход, не претставува стабилно партнерство, туку процес кој природно ја поткопува довербата на граѓаните. Нашата стратешка определба останува полноправното членство во Европската Унија. Но, европската интеграција мора да биде процес заснован на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, а не на постојано отворање нови политички условувања без јасен крај. Штом ЕУ официјално ги повлекува гаранциите од Преспанскиот договор, тогаш сосема легитимно е Македонија да ја тргне „северна“ од внатрешна употреба, токму согласно одредбите на тој договор. Бараме Владата итно да преземе чекори во таа насока. Во рамки на владината Коалиција „Твоја Македонија“ во која партиципираме, ова ќе биде отворено прашање од наша страна. Македонија заслужува чесен и предвидлив европски процес. Само така може да се обнови довербата на македонските граѓани во европската идеја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
ЕкономијаДесетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ меркиДесетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки кои Владата ги воведе по стартот на војната на Блискиот Исток .Десетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки кои Владата ги воведе по стартот на војната на Блискиот Исток – но целта била да се одржи ценовната стабилност и да се обезбеди непречно снабување со деривати рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека Владата будно ја следи состојбата. Цената на нафтата на светските берзи во меѓувреме и натаму се менува од ден во ден, но мицкоски вели иако е рано да се каже, очекува в понеделник цените на дериватите во земјава да се намалат. По последното разгоување на конфликтот и растот на цените на светските берзи, Владата ја намали акцизата кај дизелот и бенизните за 2 односно 1 денари по литар. А во последниве две недели дизелот поскапе за 9,5 денари, а бенизните за 6 денари по литар. „Јас очекувам веќе во понеделник да имаме надолно нивелирање но она што е важно е дека ние како држава останува со најниски цени... Станува збор за десетици милиони евра не само акцизите туку и ДДВ то но целта беше да одржиме ценовна стабилност и континуирано снабдување... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Освен кај горивата се следат и цените на храната но во моментов според надлежните, нема основ за мерки. Мицкоски вели лично правел анализи на цените на храната и тоа за месец јуни 2022 и јуни 2026 та година кои покажале дека инфлацијата осбено во делот на прехрнабените производи била значително пониска годинава. „Ако тогаш сме имале 14,7 инфлација сега имаме 3,4. Ако тогаш прехранбените производи биле над 15 проценти и тоа бил главниот драјвер сега тие се 2,5 % јас очекувам дополнително стабилизирање во делот јули. Ние ќе продолжиме активно да работиме во насока на зачувување на ценовната стабилност. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку и според заводот за статистика во јуни инфлацијата бележи намалување и изнеусваше 3,4%. Минимално намалување во месечните трошоци пресмета и Сојузот на синдикати, чија кошничка месецов иако е над 68илјади денари, бележи намалување во делот кај храната и транспортот од вкупно 156 денари споредбено со минатитот месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаконот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница Можни корупциски ризици во предлог законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ гледа Антикорупциската комисија. По реакциите на граѓанските организации кои побараа стопирање на законот, антикорупционеритее бараат институциите да обезбедат јасни механизми за контрола, отчетност и спречување на судир на интереси при реализацијата на проектот. -Доколку законодавецот оцени дека е неопходно донесување на посебно законско решение за реализација на проектот, ДКСК укажува дека истото треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност,- - ДКСК. Иако предлог законот за спроведување на проектот денеска беше ставен на дневен ред пред пратениците истиот уште на старт беше повлечен. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека забелешките на организациите биле дадени без да биде прочитан законот затоа ќе следат консултации по што оставаат можност за амандмани. -По реакции на опозицијата, донесена е одлука на вонредна координација да се повлече од дневен ред. Закопнот постои во собраниска процедура и ќе се разгледува по летните одмори,- изјави Никола Мицевски – ВМРО ДПМНЕ. Реакции за законот има и од опозициските партии. Од СДСМ обвинуваат дека со вака поставеното решение ќе се заобиколат правилата на јавните набавки и ќе отвори простор за како што велат тендери без контрола. -Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци,- изјави – Бисера Костадиновска Стојчевска – СДСМ. Од плтаформата на граѓански организации за борба против корупцијата, претходно реагираа дека предложеното законско решение овозможува Фондацијата што ќе го спроведува проектот да биде изземена од Законот за јавни набавки и дека тоа отвора сериозен простор за корупциски ризици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во СкопјеНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје со што бројот на потврдени граѓани кои се над 60-годишна возраст и вирусот кај нив предизвикал воспаление на мозок за неколку дена се искачи на 8.Седумдесет и шестгодишниот скопјанец се уште се бори за живот и е во критична состојба на респиратор на Инфективна каде освен досегашните пет, сега вирусот е потврден кај уште двајца кои исто така имаат невроинвазивна форма на инфекцијата потврдуваат од болницата. Еден пациент е на Неврологија, и за него се чека двојна потврда преку испитувања, информираат здравствените власти кои смируваат потенцирајќи дека 80 проценти од случаите, или луѓе казнати од заразен комарец вообичаено и не знаат дека имаат вирус бидејќи немаат никаква тегоба. Според досегашните податоци западно нилска треска која предизвикала воспаление на мозокот во изминатиов период е детектирана кај повозрасни граѓани, еден од Велес, а останатите од Драчево, Илинден, Петровец, а од Центарот за јавно здравје Скопје за Канал 5 велат дека има и случај од Кисела вода, таму требале да прскаат против комарци во живеалиштето, но не добиле дозвола и не го извршиле, бидејќи дезинсекција на копно во приватен имот вршат на добра волја. -Досега имаме извршено дезинсекција во Драчево и Илинден. Случајот што не дозволи во неговиот имот да се прска против комарци е од Кисела вода. Се прска во радиус од 200 метри, а за да влеземе на приватен имот мора да има согласност. За новите потврдени случаи се прават анкети со пациентите и блиските за да се утврди дали се автохтони, односно дали вирусот го добиле дома. Допрва ќе се прска и во нивните живеалишта,- - Центар за јавно здравје Скопје . Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, па апелите се во дворовите, во гуми, олуци каде обично се собира дождовница да се чисти и да не се остава пријатен простор за размножување на комарци. Дополнително, да се користат средства за заштита како што е спрејови против комарци. Тагови: Западен Нил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00