Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот
1Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот
3Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
ЗОИ 2026Македонската олимписка делегација пристигна во МиланоМакедонската делегација во чиј состав има четири спортисти, а предводена од Цветанка Макаровски, шеф на делегација пристигна во Милано, каде утре ќе биде Свеченото отворање на 25.Зимските Олимписки игри.Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано и Кортина ќе се одржи утре (петок), 6 февруари на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано. Натпреварувањата ќе се одржуваат во Милано, но и на објекти во во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Свеченото отворање ќе започне во 20:00 часот по македонско време. Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, истакнувајќи дека заштитата на човечкиот живот мора да биде највисок приоритет на институциите и на целото општество. Во своето обраќање министерот посочи дека во изминатите 35 години на македонските патишта годишно во просек животот го губеле околу 150 лица, што ја потврдува потребата од системски пристап и континуирани активности за подобрување на сообраќајната безбедност. „Кога говориме од аспект на безбедност генерално, но кога говориме за безбедност во делот на сообраќајот, тука особено во изминативе 35 години, навистина не можеме да кажеме дека имаме навистина добри резултати. Просек на загубени човечки животи во последниве 35 години годишно е негде околу 150 во Македонија“, истакна Тошковски. Министерот ги презентираше и најновите податоци, според кои во првите десет месеци од 2026 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 84 лица, наспроти 117 во споредбениот период минатата година, што претставува 33 помалку загубени човечки животи. Тој нагласи дека станува збор за значително подобрување на состојбите, особено ако се има предвид дека и во годините со драстично намален сообраќај, како 2001 и 2021 година, бројот на загинати бил повисок. Особена благодарност Тошковски упати до македонските граѓани, истакнувајќи дека нивното посовесно однесување во сообраќајот, заедно со активностите на институциите, превентивните кампањи и поддршката од општествено одговорните компании и граѓанските организации, придонеле за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица. „Овој ден, овој момент сакам да го искористам уште еднаш да им се заблагодарам на македонските граѓани, пред сè заради тоа што тие се тие кои најмногу допринесоа да се намали бројката на жртви во Македонија. Тие се тие коишто одлучија да управуваат моторни возила и да бидат учесници во сообраќајот посовесно од претходно“, порача министерот. Говорејќи за новата Национална стратегија, Тошковски нагласи дека таа поставува јасна цел – до 2030 година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година. Стратегијата се темели на принципот „Секој живот е важен“ и предвидува заедничко делување на институциите и општеството преку превенција, едукација, подобрување на сообраќајната култура и примена на современи технологии. „Човекот секогаш може да згреши управувајќи моторно возило, но државата е таа којашто треба да стори сè за да го намали бројот на жртви во рамки на сообраќајот, да го намали бројот на повредени луѓе во рамки на сообраќајот и да стори сè за да може максимално превентивно да делува во насока на подобрување на сообраќајот“, истакна Тошковски. Министерот информираше и дека напорите на Македонија за унапредување на сообраќајната безбедност добиваат меѓународно признание, при што Министерството за внатрешни работи е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на престижниот светски полициски самит во Дубаи, заедно со полициски служби од држави како Сингапур и ОАЕ. На крајот, Тошковски изрази уверување дека со заедничка одговорност, доследно почитување на правилата и континуирана институционална посветеност, Македонија ќе продолжи да ги подобрува резултатите и да се приближува кон крајната цел – што помалку сообраќајни незгоди и нула загубени човечки животи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлукиФилипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. „Најдобронамерно денеска го повикуваме гувернерот Трајко Славески да си поднесе оставка. Да не заглавува повеќе од тоа што е веќе заглавен. Да не се обидува на несоодветен начин да се спаси себеси и премиерот Мицкоски, кој што е очигледно негов наредбодавач. Ги пратиме неговите изјави, конфузни, ги дообјаснува, ги менува, очигледно е дека обвинува без причина и очигледно е дека знае дека во еден момент, кога и да дојде тој момент, ќе мора да одговара за сето ова што го направи“, рече Филипче. Тој потсети дека СДСМ цела година предупредува за сомнителниот капитал и финансиските трансакции поврзани со Алта банка, за што предупредуваше и Европската централна банка и други финансиски институции. Филипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем. „Станува збор за банка која што за пет или шест години за тринаесет пати, и тоа е невидено во банкарскиот сектор, ја зголемила својата актива. И тоа е можно само ако станува збор за пари поврзани со криминал, со корупција, со шверц на дрога и така натаму. Гувернерот Трајко Славески очигледно не постапил по закон и како што изјави дека не го познавал газдата, а имал обврска да знае кој е газда на Алта банка, затоа што требал да знае со кој човек има работа и каква е репутацијата на газдата на банката која што влегува на нашиот финансиски пазар“, рече Филипче. Притоа Филипче посочи дека сега кога Алта банка Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола со 95 проценти, е во стечај, гувернерот неосновано повторно најавува решенија за кои нема надлежност, како што е најавата за продажба на акции. „Сега Алта банка во Белград, која што е мнозински сопственик 95 проценти на Алта банка Битола е во стечај. Гувернерот посегнува по некаква си продажба на акциите, иако вистината е дека не може тој да ги продава акциите, ниту Народна банка наша, туку за тоа одлука треба да донесе тој кој што го управува стечајот на Алта банка во Белград, а тоа е Агенцијата за осигурување на депозитите во Србија, тие треба да ја донесат таа одлука за продажба на тие акции, затоа што парите од продажбата на тие акции ќе одат во стечајната маса на Алта банка во Србија. Сето тоа не е возможно, како што најавува гувернерот, иако знаеме дека сака, за да се обиде да ги забошити сите овие работи, да се случи за десетина дена“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМанасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери? Почитувани, Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски! Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае? Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Почитувани граѓани, Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС. Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00