Македонска дипломатка во ООН е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн - Канал 5

Македонска дипломатка во ООН е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн

Дипломатка  на Обединетите нации е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн на новогодишната ноќ при очигледно самоубиство, соопштија полициски извори.

Македонска дипломатка во ООН е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн

Триесет и осумгодишната жена е пронајдена со ремен околу вратот во спалната соба во нејзиниот стан во Источната 45-та улица на Менхетн , нешто после пладне, велат изворите.

Полицајците откриле и антидепресивни лекови и две шишиња мелатонин - едното празно, а другото скоро празно.

Полицијата не нашла знаци на насилство.

„Живееше тука две години“, изјави Хернан Авила, мајстор во зградата. "Сите се чувствуваат лошо. Таа беше добра личност. Многу убава личност".

Дипломатката живеела сама во стан на четврти кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност која повремено ја гледал како пуши.

„Вчера лекарите дојдоа горе, амбулантата“, рече тој. "Дојде момче, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично".

„Тој ја побара“, рече Авила. "Ѕвонеше на вратата и немаше одговор. Нешто се случи".

Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, пишува Фокс Њуз.

Во првичната верзија на веста на „Њујорк Пост“ биле објавени и името и презимето на дипломатката, но по неколку минути се избришани , бидејќи станува збор за самоубиство.

Официјална потврда за идентитетот од истите причини нема ниту од постојаната мисија на ООН , каде што работела жената..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура.

За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност.

Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација не утврдила измама ни криминално потекло на парите во „Меѓународен сојуз“

Не е докажано дека парите потекнувале од криминална активност, ниту дека постоела однапред формирана измамничка намера. 

Апелација не утврдила измама ни криминално потекло на парите во „Меѓународен сојуз“

Со овие аргументи скопска Апелација ја образложува одлуката со која ги ослободи Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Миле Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“. Бојан Јовановски беше обвинет за измама и перење пари, додека останатите тројца за перење пари, односно помагање во ова кривично дело. За измамата, судот оценил дека не е докажана однапред формирана измамничка намера кај Јовановски.

-По однос на кривичното дело Измама судот оцени дека не е докажано постоење на однапред формирана измамничка намера кај обвинетиот, имајќи предвид дека за реализација на проектите биле преземени конкретни подготвителни активности, изработена проектна документација и склучени договори и меморандуми за соработка и на оштетените им биле познати условите од договорите и се согласиле со истите со потпишувањето. Притоа, самото неисполнување на договорните обврски не значи и постоење на кривично дело, особено кога реализацијата на проектите зависела од повеќе фактори и била поврзана со деловен и инвестициски ризик. - Апелационен суд Скопје.

За перењето пари, судот оценил дека не се докажани претходните кривични дела од кои наводно потекнувал криминалниот принос. Дополнително, не биле наведени конкретните дејствија на наводното противзаконито посредување. Без докажување на претходното кривично дело, Апелација смета дека не е докажано ниту перењето пари.

Претходно, во повторената постапка во октомври 2025 година, Бојан Јовановски беше осуден на пет години затвор, неговиот татко Миле Јовановски на година и пол условна казна, Јасна Ерцеговиќ на две години, Христина Блажевска на условна казна од една година. Од Кривичниот суд кој два пати носеше осудителна пресуда засега нема коментар ниту пак од ОЈО ГОКК кое го водеше случајот а во судница го застапуваа обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева. Пресудата е донесена вчера и не е правосилна со оглед на тоа што странките имаат право на жалба до Врховен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер