Македонија со поддршка од трибините до триумф против Бугарија - Канал 5

Македонија со поддршка од трибините до триумф против Бугарија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тодор Проески во Скопје ги завршува натпреварите во цегментот Ц од Лигата на нации. 

Македонија со поддршка од трибините до триумф против Бугарија

Последен противник на црвено жолтите е стариот долшжник селекцијата на Бугарија.

На синоќешната пресконференција селекторот Милевски најави дека неговите избраници вечерва размислуваат само на победа со која би покажале дека неуспеѓот во Тбилиси бил незаслужен. Нашиот предводник воедно истакна и дека вечерва на нашиот најголем стадион не е потребно влијанието на политиката туку дека треба да се размислува само спортстки. Милевски порача дека политиката да им се остави на политичарите а спортот на спортистите. Слично размислува и капитенот Енес барди.

-Да бидеме јасни, политиката е на страна, ние сме спортски работници и не интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата дека гледаме само на спортот. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна“.Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси.Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот триесет дена не се користеше. истакна Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:

Капитенот Барди на пресот пред вечерашниот дуел против Бугарија истакна дека тој и неговите соиграчи вечерва ќе докажат и покажат дека ресулатот против Грузија не бил вистинска слика на тоа што се случуваше на теренот.

„По поразот во Грузија со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент.Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време на младите да се адаптираат. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи“, заклучи Енис Барди - капитен на македонската А репрезентација:

Пред последното коло во групата 4 од сегментот Ц македонија е на втората позиција во групата со 7 бодови , Бугарија е трета со 6, убедливо на вврвот со 13 подоби е тимот на Грузија кој веќе обезбеди место во плејофот за пласман на Европскиот шампионат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер