Македонија остана непоразена од силната Англија

Македонија и Англија го завршија натпреварот во Скопје со резултат 1:1.

Македонската репрезентација направи вистински поднвиг со ремизирање со големата Англија. У покрај тоа што овој бод на Англичаните не им значи многу , бидејќи веќе се пласираа на ЕП, за избраниците на Милевски , бодот против Англија и прв изедначен натпревар против оваа силна репрезентација , значи голема самодоверба. До 38. минута немаше големи возбудувања се до стартот на Луис над Миовски, што не беше санкциониран од судијата Глова. Но по следниот прекин словачкиот арбитар доби повик од ВАР, по што досуди пенал.

Барди го изведе пеналот, Пикфорд одбрани за потоа топката одново да дојде до него и да ја смести во мрежата, на голема радост на 26.000 гледачи на „Арената“.

Следуваше шанса за Англија преку Луис, кој сакаше да се извади за направениот пенал, но неговиот удар го одбрани Димитриевски. Димитриевски беше одличен и по ударот на Александар-Арнолд, за предност на Македонија на полувремето.

Веднаш на старот на вториот дел Англија постигна гол. Сака од десната страна го пронајде Грилиш, кој стрела во мрежата. Радост на гостите, но судијата Глова доби повик од ВАР. Грилиш бил во офсајд позиција, па така израмнувањето беше „поништено“.

Селекторот на Англија Саутгејт не можеше повеќе да чека. Го внесе во игра Хари Кејн, наместо Воткинс, и после само 20 секунди тоа даде плод. Англичаните веднаш дадоа гол, и се чинеше дека токму тој го постигнал голот, но подоцна се покажа дека Атанасов си постигнал автогол. Фоден нафрли од корнер, во 59. минута од средбата Атанасов ја зафати топката која заврши во мрежата на Димитриевски.

Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Четири лица загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

Вучиќ се судри со неговиот двојник: Ти рече ништо да не потпишуваш (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok.

Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok, а едно од најгледаните е она во кое преку видео повик разговара со својот doppelgänger, односно со човек кој се претставува на истата мрежа под прекарот „дневна доза на претседателот“.

Нивното прво видео има повеќе од 1,4 милиони прегледи, а решија да снимат уште едно, но овој пат во живо, објави српски Курир.

Видеото започнува така што двојникот на Вучиќ стои на говорница и им се обраќа на публиката и на медиумите со: „Добро попладне, дами и господа“, а потоа кадарот се менува во претседателот кој го прашува: „Извинете, а вие сте?“.

Тогаш неговиот двојник се претставува како претседател на Србија и вели дека има многу важна најава.

Во следниот момент двајцата играат шах, а Вучиќ го проверува.

Додека седи на масата и ги гледа хартиите, Вучиќ му приоѓа и му вели: „Што правиш овде? Тој рече ништо да не потпишуваш“.

@jasamaleksandar Lepo sam rekao da ništa ne potpisuješ. @dnevna.doza.predsednika #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 #srbijanesmedastane #dnevnadozapredsednika #follow ♬ original sound - Ja sam Aleksandar

Инаку, човекот што го имитира претседателот се вика Далибор Голубовиќ.

Костовски: Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот.

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот, ние имаме држава и привилегија е да ја чуваме и негуваме, има дваесет милиони Курди, а немаат држава, ние со два милиони имаме држава. Треба да се почитуваме меѓу себе, да имаме социјалдемократски постулати на рамноправност, еднаквост и солидарност едни спрема други. Со ДУИ имаме коректна соработка, исти стратешки цели за кои се бориме,а тоа е отпочнување на преговорите со ЕУ, откако ја остваривме стратешката цел влез во НАТО и еден граѓански концепт на држава. Ако некој прави етнички тензии во поглед на прикривање на криминали тоа се добро познатите „дечки“ од ВМРО-ДПМНЕ. Дали прикривате нешто вие и вашиот коалиционен оартнер кога нема вода во Тетово. Дали кога вашиот потенцијален партнер вее знамиња на Голема Албанија дали прикривате нешто, бидејќи тоа е зовривање етнички тензии. Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот, тоа се ретроградни процеси од пред 145 години, рече Мартин Костовски во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер