Македонија на Европското првенство во ракомет ги доби најтешките противници - Канал 5

Македонија на Европското првенство во ракомет ги доби најтешките противници

Македонија немаше премногу среќа во ждрепката за европското ракометно првенство и се падна во групата а заедно со актуелниот европски, светски и олимписки првак Франција, домаќинот Полска и северниот сосед Србија.

Македонија на Европското првенство во ракомет ги доби најтешките противници
Нашите најдобри ракометари ќе мора да освојат едно првите три места во групата за да обезбедат пласман во втората фаза од континенталниот турнир.

Европските ракометни првенства секогаш се многу поквалитетни од светските, па затоа и патот до успехот е и многу потежок.

Речиси никогаш нема лесни противници, а Македонија денеска на ждрепката за турнирот во полска ја имаше таа несреќа да се падне во иста група со франција, која е актуелен европски, светски и олимписки шампион. Со оваа репрезентација игравме и во квалификациите за континенталниот турнир и два пати бевме поразени на домашен и гостински терен.

Потоа од вториот квалитативен шешир го добивме домаќинот полска, со кого имаме позитивен биланс на големите турнири и славевме на двете досегашни средби, но овој пат ќе се пресметаме сред краков во арената „Таурон“ веројатно пред 15.000 навивачи.

Од последниот квалитативен шешир ја добивме селекцијата на србија, која иако со многу проблеми успеа да стигне до завршниот турнир, сепак според индивидуалците има фантастично силен состав.

Во првото коло се среќаваме со Франција, потоа играме со домаќинот Полска, а групната фаза ја завршуваме против Србија. Првите три репрезентации од групата обезбедуваат пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Група Б: Хрватска, Исланд, Белорусија, норвешка

Група Ц: Шпанија, Шведска, Германија, Словенија

Група Д: Данска, Унгарија, Русија, Црна Гора

Европското првенство во полска ќе се одржи од 15 до 31 јануари 2016 година, а ова ќе биде трето учество по ред на Македонија на континенталните собири, а вкупно четврто во историјата.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чупиќ ги објави претседателските избори во Србија

Претседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември.

Чупиќ ги објави претседателските избори во Србија

Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание.

„Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ.

„Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата.

Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќај

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.

Поради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќај

Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Атрактивна спортистка позираше само во пешкир по сауната

Германската атлетичарка Алика Шмит повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, откако сподели со своите следбеници фотографија направена веднаш по опуштањето во сауната.

Видео-фото: Атрактивна спортистка позираше само во пешкир по сауната

28-годишната атлетичарка објави фотографија на својата приказна на Инстаграм на која позира облечена само во крпа.

Посебно внимание привлече сцената во позадина, бидејќи зад неа се протегаше импресивен планински пејзаж.

Заедно со фотографијата, таа накратко напиша „Поглед по сауната“, односно погледот по сауната.

Како што се очекуваше, објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници, кои го изразија своето воодушевување од коментарите.

Имаше и реакции од колегите спортисти, кои исто така ја забележаа нејзината нова објава.

Алика Шмит одамна е позната надвор од атлетскиот свет.

Германската претставничка настапи на Олимписките игри во Париз во 2024 година, каде што ја претставуваше својата земја во штафетното натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер