Македонија ќе бара чаре во кинеските вакцини

Поради неизвесноста кога ќе стигнат првите дози од вакцините на Фазјер или преку КОВАКС системот, Македонија ќе се обиде да добие вакцини од кинеските фармацевтски компании.

Во која фаза е процесот на договор со Синофарм и Синовак во овие вести Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговара со министерот за здравство, Венко Филипче.

Имаме начин да увеземе од која било вацкина против Ковид 19 и не постои никаква законска пречка за тоа, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче во вестите на Канал 5 телевизија. Вакцините се нов продукт, истите ниту една земја ги нема регистрирано, но сите производители имаат документи со кои го гарантираат квалитетот на лекот, рече Филипче, посочувајќи дека првите вакцини во земјава ќе влезат со интервентен увоз и тоа не е никаква новина туку е пракса години наназад.

- Регистрацијата е процес кој зависи од земјата која тој препарат го увезува. Тој процес не е задолжителен и не е гаранција за квалитетот на производот, тоа е разгледување на документите кога се внесува еден препарат,лек,вакцина во земјата. Во таа смисла имаме начин да се увезат вакцините од било кој производител, тоа е со интервентен увоз и тоа така историски наназад се правело, не само со вакцини туку и со многу други лекови. Сите прозиводители кои нудат вакцини на пазарот, имаат документи кои го гарантираат квалитетот на вакцината. Во ниту една земја вакцините не се регистрирани затоа што се нови продукти и тоа е неверојатно да се случи во краток временски период. Тоа секако ќе се случи, но првите вакцини ќе влезат со интервентен увоз, истите се проверени од своите национални институции и таму каде се произведени. Веќе во српската агенција зе лекови се објавени документи, дека таков како што е капацитетот на нивната лабараторија, е тестирана кинеската вакцина не станува збор за целосно тестирање, туку на одредени параметри и тие кои може таму да се тестираат се солидни. Таа вакцина е сосема безбедна да се користи - рече министерот.

Филипче посочи дека Министерството за здравство останува посветено на сите три механизми за набавка на вакцините, но соочени со состојбата дека потребата за вакцини е голема секаде во светот, се евалуирал и планот за набавка на кинеска вакцина. Министерот најави дека целта е вакцинацијата во земјава да се одвива со еден континуитет и да нема прекин како што е случај со некои други земји, бидејќи станува збор за голем притисок за набавка и производство на вакцини против Ковид 19 насекаде во светот.

- Кинеските вакцини ги евалуиравме и во претходниот период, сакаме да обезбедиме вакциналниот процес да започне и да нема паузи. Сите вакцини кои се на располагање се сосем безбедни тие се евалуирани од своите национални агенции, дел од нив и од европските, американските регулатори. Целта е да имаме вакцини од повеќе производители за да не се соочиме со недостаток односно откако ќе почнеме, процесот на вакцинација запре - истакна Филипче.

Првите вакцини кои треба да стигнат во земјава во месец февруари според најавите на Фајзер ќе бидат вакцините од Србија, а потоа ќе стигне пратката директно од прозиводителот Фајзер. Веќе во петок на состанокот кој Филипче ќе го има со претсавниците од Ковакс механизмот ќе се знае колку вакцини преку овој систем ќе бидат исопрачани во земјава рече министерот.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер