3Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
3Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
МакедонијаМакедонија и Бугарија по изборите, ќе го потпишат договорот за изградба на прекуграничниот тунел на коридорот осумПо завршувањето на локалните избори Македонија и Бугарија ќе го потпишат договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел, дел од железничкиот Коридор 8, потврди и македонскиот министер за транспорт Александар Николоски.По завршувањето на локалните избори Македонија и Бугарија ќе го потпишат договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел, дел од железничкиот Коридор 8, потврди и македонскиот министер за транспорт Александар Николоски, откако вчера неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, рече дека договорот со македонската Влада ќе биде потпишан на 4ти ноември. Доколку работите на двете страни се одвиваат како што треба, ресорниот министер очекува најдоцна до 2032 година да може да се патува со воз од Скопје до Бургас..... -Договорот е да Македонија ја изгради третата фаза од железницата кон Бугарија, првата е изградена, втората се гради во моментов, Бугарија си ги превзеде своите обвррски а тоа е да инвестира милијарда и половина евра во изгрдаба, надграба, реконструкција на пругата која оди од Софија, Радомир, Перник до Ѓуешево, да го изгради делот од Ѓуешево до граница и за тоа веќе има тендер и она што останува е тунелот... - Александар Николоски – министер за транспорт. Освен интензивирање на работтие на Коридор 8, Николоски очекува на пролет да почне да функционира и првата линија од градскиот воз, за што рече дека е избран изведувач за првата делница од Зелениково до Нова железничка, а во зависност од финансиските можности следната година ќе се продолжи со избор на изведувач за другите две линии. „Следната година во рамки на финансиските можности ќе продолжиме со избор на изведувач за другите две линиии, втората линија треба да оди од Нова железничка, преку Автокоманда, Железара, Скопје Север и Бутел, и третата линија од Ѓорче Петров до Центар и на тој начин да го заокружиме прстенот и да имаме функционален градски воз кој ќе се надозврзува на автобусите на ЈСП и на тој начин ем ќе се растерети гужвата ем ќе знаете точно за колку ќе стигнете. Ако тргнете со воз на пример од Драчево до нова железничка патувањето со воз ќе е од 7 до 11 минути.... “ Според најавите по завршување на изборите, треба да продолжи постапката за набавка на 120 еколошки автoбуси, од кој 80 се за Град Скопје а 40 за останатите општини, откако повикот кој беше распишан пред околу еден месец не беше успешен, бидејќи според надлежните конкурирала само една компанија која не ги исполнувала условите. Тагови: Коридорот 8 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУкинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?Литванскиот парламент гласаше за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје во земјата, што претставува прво од двете гласања потребни за измена на уставот.За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс. За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања. Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јули изјави дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи ја како причина промената на безбедносната ситуација во регионот предизвикана од Русија. Науседа истакна дека во моментов не постојат планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но дека укинувањето на забраната би ѝ овозможило на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната состојба. Според него, Литванија ќе остане потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.Тагови: нуклеарно оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул. „Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап. Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон. Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“. Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември. Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана. Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело. Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter