Македонија домаќин на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва  на арената Тоше Проески  ги започнува натпреварите во нов квалификациски цикслус за едно ЕУРО.

Црвено жолтите вечерва на нашиот најголем стадион се домаќини на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европскиот шампионат во 2024 година.

Нашите најдобри фудбалери на овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024.

Капитенот Стефан Ристовски посакува победа за зголемувањето на самодовербата пред средбите со посилните репрезентации.

- Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација. Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Ангилја и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари, изјави Ристовски.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

МААЕ предупредува: Украинската нуклеарка Запорожје три месеци е без резервно напојување

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешно резервно напојување, поради што е исклучително ранлива, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и другите основни нуклеарни и безбедносни функции, соопшти МААЕ. Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи. Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна, рече Гроси.

Кревката ситуација со електрична енергија на централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија, додаде шефот на МААЕ. Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март минатата година.

Се шират гласини дека бракот на Натали Портман е во криза- сопругот ја измамил со 25 годишна

Натали Портман и нејзиниот сопруг, француски балетан Бенџамин Милепид наводно се во брачна криза откако се дознало дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, изјавија извори за Page Six.

Изворот тврди дека парот минатата година одлучил да живее одвоено, но дека се уште се трудат да го спасат бракот, а на крајот на мај биле снимени како уживаат на концертот на Бијонсе.

Нивниот брак наводно е на работ на колапс откако францускиот магазин Voici објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната активистка за клима, Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

"Тие не раскинаа и се обидуваат да ги средат работите. Бен прави сѐ за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство", тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја чува приватноста и дека сега најважно и е да ги заштити своите деца.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм, кој се снимаше во ноември минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.

Да потсетиме дека Портман и Милепид се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот Black Swan, за кој тој ја направи кореографијата. Тие се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.

Екстремните левичари се судрија со полицијата на забранетиот протест во Лајпциг

Членовите на германската левичарска сцена се собираат во Лајпциг, и покрај забраната за протести, за поддршка на неодамна осудениот радикален левичар.

Властите зборуваат за запалени автомобили и напади врз полицијата во многу делови на градот.

Во раните попладневни часови во јужните делови на Лајпциг беа запалени неколку автомобили и контејнери за отпад, за кои се верува дека се дело на левичарски екстремисти кои и покрај забраната во Лајпциг се собираат за поддршка на неодамна осудената левичарка Лина Е. Таа оваа недела беше осудена на долга затворска казна за организирање физички напади врз припадници на екстремната десница.

Ноќеска во повеќе делови од градот имаше судири меѓу припадниците на екстремната левица и полицијата. Според полициското соопштение, во тие судири биле повредени дваесет припадници на полицијата.

Попладнево Уставниот суд во Карлсруе, по итна постапка, ја отфрли тужбата со која левичарските активистички групи сакаа да ја поништат одлуката на повисокиот управен суд во Саксонија, кој го забрани протестот поради страв од немири и судири меѓу левичарите и полицијата, како и опасност за јавниот ред и мир.

Полицијата од вчера ги контролира возовите кои се движат кон Лајпциг. Активисти на левичарската сцена поканија истомисленици од цела Европа да протестираат во Лајпциг. И во средата во Дрезден, по објавувањето на пресудата против група левичари, имаше насилни протести на припадниците на екстремниот лев политички спектар.

притисни ентер