Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
1Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ЖивотМакедонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска ценаРепублика Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти. -Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика. Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa. Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите. Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот. Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот. Бојана Христовска од „Аналитика“ објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6 проценти) и во рестораните (44,2 отсто). Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти). Таа додава дека вкупно 58,1 процент од возрасните во Република Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето. Од „Аналитика“ препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места. -Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи, наведува „Аналитика“ во соопштението. Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОфицијална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот МицкоскиМинистерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. - Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство. Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство. Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГерманските компании се соочуваат со недостиг на квалификувани работнициРечиси една од четири германски компании се соочува со недостиг на квалификувани работници, според анкетата на Институтот за економски истражувања Ифо. Според анкетата, 23,2 проценти од компаниите во Германија пријавиле недостиг на квалификувани работници во јули, во споредба со 21,1 процент во април. Сепак, овој удел е далеку под долгорочниот просек од 31,7 проценти. „Слабата економија моментално ја ограничува побарувачката за квалификувани работници“, рече Дарија Шалер од Институтот Ифо, додавајќи дека со закрепнувањето на економијата, недостигот на квалификувани работници би можел повторно значително да се зголеми. Во телекомуникацискиот сектор, уделот на компаниите што се соочуваат со недостиг на квалификувани работници речиси се удвои, од 16,3 проценти во април на 31,1 процент во јули. Во консалтинг и ревизија, уделот на компаниите што пријавуваат недостиг од квалификувани работници се зголеми од 52,4 на 64,7 проценти, додека во производството достигна 18,7 проценти, или 4,5 процентни поени повеќе отколку во април. Бројот на признати квалификации стекнати во Сирија се зголеми за 42 проценти „Поголем број невработени лица не значи автоматски поголем број на достапни квалификувани работници, бидејќи нивните квалификации мора да одговараат на барањата на слободните работни места“, забележа Шалер. Германските власти признаа 86.600 странски професионални квалификации минатата година, што е речиси десет проценти повеќе од претходната година, објави Федералниот завод за статистика. Сепак, растот се забави во споредба со 2024 и 2023 година, кога бројот на признати квалификации се зголеми за 21 и 25 проценти, соодветно. Здравствените професии беа предводници во бројот на признати квалификации. Одобрени се 32.000 апликации за признавање квалификации за медицински сестри и техничари, 13.900 за лекари и 4.600 за инженери. Овие три групи сочинуваат 58 проценти од сите признати квалификации. Според земјата на потекло, најголем број признати квалификации доаѓаат од Турција, со 9.800, или 11 проценти од вкупниот број. Потоа следуваат Украина со околу 8.300, Сирија со 6.100 и Индија и Тунис со по 5.400 признати квалификации. Бројот на признати квалификации добиени во Сирија се зголеми за 42 проценти. Германија е сè повеќе зависна од странци во голем број сектори поради опаѓачката стапка на наталитет и брзото стареење на населението. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хрватска пејачка воодушеви во бикиниХрватската пејачка Жанамари Перчиќ привлече внимание со нова серија фотографии што ги сподели на својот профил на Инстаграм. Сега, атрактивната Жанамари позира на плажа, облечена во бикини со животински дезен. На една од фотографиите, пејачката лежи во плитките води, додека во позадина се гледа морето. Таа ја сподели објавата во соработка со фотографот Марк Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и бројни коментари од своите следбеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05