ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС
1ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС
ЗабаваМајли Сајрус покажа дека не треба да се носи кошула под костум Пејачката Мајли Сајрус неодамна уште еднаш покажа дека знае како да привлече внимание со своите модни избори.Овој пат таа избра летен црн пругаст костум, без кошула под јакната. Сепак, Мајли не направи ништо скандалозно. Напротив, таа покажа како костумот може да се носи со допир на сексапилност и елеганција, без да се премине границата на добриот вкус. Комбинирањето костум со малку или без ништо под него е вистинскиот рецепт за елегантен, лежерен и шик изглед во топлите летни денови. Многу познати жени веќе го прифатија тоа, вклучувајќи ги Бијонсе и Селена Гомез. Вистински избор за опуштен состанок Костумот без кошула може да биде одлично решение за летните денови кога сакате да ја заштитите кожата од сонцето, но исто така не сакате да се чувствувате прегреано под повеќе слоеви облека. Лесното сако на гола кожа обезбедува доволна заштита и му дава на целиот изглед допир на софистицирана заводливост. Секако, оваа комбинација можеби не е најсоодветна за канцеларија, но за појадок, вечерно излегување, забава на тераса или дури и порелаксирана летна свадба, костумот без кошула може да биде хит.Тагови: Мајли Сајрус костум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДСНа Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет. По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата. Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта. Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на американски претставници. Американските претставници изјавија за весникот дека Трамп им кажал на своите помошници дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи по ноемвриските избори за Конгресот на САД, додека американскиот претседател, велат тие, изразил сомнежи на затворени состаноци дека Иран ќе ги исполни неговите барања. Иран предложи седумдневен прекин на огнот минатата недела за време на состанокот во Катар, што би можело да го отвори патот за запирање на иранските напади врз бродовите во замена за укинување на блокадата од САД, објави WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Сепак, американски претставници запознаени со ситуацијата изјавија дека Вашингтон им кажал на Иран и на медијаторите дека Трамп нема намера да ја укине поморската блокада на Иран, бидејќи САД веруваат дека економскиот притисок ќе го принуди Техеран да го потпише договорот. Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на арапски медијатори, иранските дипломати дале неколку предлози за прекин на војната и признале дека економската криза во нивната земја се влошува. Сепак, официјалните лица нагласија дека сегашниот став на Трамп би можел да се промени ако конфликтот продолжи во наредните недели и дека на него би можеле да влијаат резултатите од изборите за Конгресот. Американските претставници изјавија дека Трамп се двоуми да продолжи со големи воени операции против Иран, делумно затоа што САД сакаат да ги зачуваат своите намалени резерви на муниција за други итни случаи. Во меѓувреме, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат преку медијатори, вклучително и разговори за нуклеарната програма на Иран, потврдија официјални лица за американскиот весник. Американските претставници открија дека напорите предводени од САД да им дозволат на танкерите да поминат низ Ормускиот теснец ја намалија итноста за постигнување договор. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потврди во петокот дека Техеран доставил план до Вашингтон со кој Ормускиот теснец би се отворил за поморски сообраќај во рок од седум дена. Аракчи рече дека Иран доставил конкретен седумдневен план до САД преку Катар и дека, доколку се исполнат потребните услови, теснецот би можел да се отвори повторно, а сообраќајот да се врати во нормала во предвидениот временски рок. Според него, на шестиот ден од рокот, Ормутскиот теснец би бил отворен, додека преговорите за договорените прашања би започнале следниот ден за да се постигне конечен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВрнежливо време со температура до 21 степенВремето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а во претпладневните часови сè уште се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат. По обилните врнежи што ја зафатија земјава во петокот и продолжија во текот на ноќта, денеска ќе се задржи посвежо и претежно облачно време, соопштиja од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 14 и 21 Целзиусов степен. Во Скопје ќе биде облачно и постудено. Во утринските и претпладневните часови ќе има повремени врнежи, по што се очекува постепено стабилизирање. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец. Од недела се очекува постабилен период, со повеќе сончеви интервали, но и со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00