„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
1„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
Шоу бизМајли Сајрус откри зошто не се дружи со славните: Чувствувам дека тоа не се мои луѓе (ФОТО)Пејачката и актерка Мајли Сајрус раскажа зошто не се дружи со други познати личности.Бидејќи нејзините родители се познати личности, Мајли цел живот е опкружена со познати личности, а кариерата ја започнала на каналот Дизни со серијата „Хана Монтана“ во која што глумеше на 13 години. И покрај тоа што продолжува да гради кариера во центарот на вниманието, Мајли ретко се гледа во друштво на познати личности. Додека гостуваше во петтата сезона на ток-шоуто на Дејвид Летерман на Нетфликс, Мајли рече дека таа не е „активен дел од заедницата со други познати уметници, забавувачи и познати личности“. View this post on Instagram A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) „Се чувствувам како да не се моите луѓе кога сум во таа соба“, рече таа. Но, таа сѐ уште е поврзана со некои познати личности. „Постојат одредени уметници, како Бијонсе, кои ги познавам долго време“, рече Мајли, која се појави на новиот албум на Бијонсе, Cowboy Carter. Тие ја снимија песната II Most Wanted. Таа дури и се заблагодари на својата колешка на Инстаграм по објавувањето на албумот. View this post on Instagram A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) "Ја сакав Бијонсе долго пред да имам шанса да ја запознаам и да работам со неа. Моето восхитување сега е уште поголемо кога имав шанса да работам со неа. Ти благодарам Бијонсе. Ти си сè и повеќе. Те сакам", напиша во тоа време Мајли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаиКлиматските научници проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да починат во текот на следните шест месеци поради екстремните горештини предизвикани од „супер Ел Нињо“.Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во светот во следните шест месеци би можеле да бидат поврзани со екстремните горештини што ги носи исклучително силниот Ел Нињо, покажуваат проценките на климатски научници. Проекцијата од околу 451.000 случаи се однесува на периодот од септември до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со долгорочниот раст на температурите. Научниците предупредуваат дека зголемената смртност од горештините би можела да продолжи и до јуни или јули следната година. Најпогодени во следните шест месеци се очекува да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека меѓу најизложените региони се Сахел и Југоисточна Азија. Во САД се проценуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури. Проекциите се базираат на податоци за односот меѓу температурите и дополнителната смртност во повеќе од 24.000 региони низ светот, комбинирани со прогнозите за Ел Нињо. Научниците велат дека сегашниот Ел Нињо веќе ги надминал претходно забележаните температурни рекорди за овој климатски феномен, неколку месеци пред очекуваниот врв. Покрај екстремните горештини, се очекува зголемен ризик од суши, шумски пожари и поплави, како и последици врз производството и цените на храната. Како итни мерки се препорачуваат подобри предупредувања за топлотни бранови, отворање центри за разладување, дополнителен медицински персонал и поголема заштита на луѓето што работат на отворено. Научниците нагласуваат дека Ел Нињо е природен климатски феномен, но дека неговите последици можат дополнително да се засилат поради глобалното затоплување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степениУтрово е биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 23. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 23. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите. Кариера Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10. Љубов Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило. Кариера Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени. Кариера Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата. Здравје и совет Ќе бидете меланхолични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки. Кариера Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења. Здравје и совет Не се натпреварувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома. Кариера Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе. Кариера Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни. Здравје и совет Верувајте во подобри денови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни. Кариера Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете. Кариера Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате. Здравје и совет Служете се со интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце. Кариера Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Здравје и совет Бидете подготвени на соработка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава. Кариера Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега. Здравје и совет Имате право на одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени. Кариера Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни. Здравје и совет Читајте меѓу редови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16