Мајкл Даглас се засрамил на матурата на ќерка си: Мислеа дека сум и дедо (ФОТО)

Американскиот актер Мајкл Даглас во шоуто на Кели Кларксон раскажа за срамот што го доживеал на прославата за матурата на неговата ќерка Керис.

Родителите на другите средношколци сметале дека Мајкл е нејзиниот дедо, а не татко.

"Беше прекрасно, многу сум горд на неа. Но, малку бев засрамен и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа:" Честитки, мора да се гордееш со својата внука ". Се обидоа да бидат љубезни", раскажа Мајкл.

Матурската беше виртуелна поради пандемијата, а актерот подоцна објави семејна фотографија од прославата на Инстаграм.

"Керис, честитки за тебе и целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди. Те сакаме многу и сме возбудени за твојата иднина, бидејќи најдоброто допрва доаѓа. Тато", напиша гордиот татко покрај фотографијата.

Мајкл со сопругата Кетрин Зета-Џонс ги има ќерката Керис и синот Дилан, а со Диандра Лукер го има синот Камерон.

Мајката на осомничениот за убиството на Данка го искористи правото да не сведочи

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Како што пишуваат српските медиуми, таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените и е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето. Срѓан Јанковиќ од Лука и Дејан Драгијевиќ од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага..

Аксиос: Американската министерка за финансии подготвува нови санкции за Иран

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, подготвува нови санкции против Техеран, како одговор на иранскиот напад врз Израел во текот на викендот, објави денеска американскиот портал Аксиос.

„Министерството нема да се двоуми да работи со нашите сојузници да ги искористи санкциите како можност да продолжи да го попречуваме малигниот ирански режим и нивните дестабилизирачки активности“, се наведува во текстот на документот што Јелен денеска ќе го прочита пред американската јавност, а до кој Аксиос имал претходен пристап.

Во текстот од изјавата на министерката се истакнува дека нападот од Иран и неговите помагачи ја нагласува важноста на Министерството за финансии да користи економски мерки за да се спротивстави на „злонамерните активности на Иран“, пренесуваат британските медиуми.

Јелен претходно истакна дека иранските акции ја загрозуваат стабилноста на Блискиот Исток и можат да предизвикаат економски проблеми, додавајќи дека САД ќе ја искористат можноста за санкции и ќе соработуваат со сојузниците. /MИА

Јанчев: 7 години континуирано се инвестира во подобрување на јавното осветлување

Општина Кавадарци во изминатите 7 години континуирано инвестира во подобрување на јавното улично осветлување, објави градоначалникот Митко Јанчев.

„☑️Реконструкција и замена на постоечките светилки.

☑️Модернизирање на целата светлечка мрежа.

☑️ Поставување на ново јавно улично осветлување.

Нека блеска нашето Кавадарци“, додава Јанчев.

притисни ентер