Мајкл Болтон на итна операција на тумор на мозокот - Канал 5

Мајкл Болтон на итна операција на тумор на мозокот

Мегапопуларниот американски пејач Мајкл Болтон објави дека неодамна му бил дијагностициран тумор на мозокот, и дека поради тоа  ги откажал сите настапи.

Мајкл Болтон на итна операција на тумор на мозокот

- Непосредно пред празниците беше утврдено дека имам тумор на мозокот, а потребна беше итна операција. Благодарение на мојот неверојатен медицински тим, операцијата беше успешна. Сега закрепнувам дома, опкружен со голема љубов и поддршка од моето семејство – напиша пејачот на Фејсбук.

Болтон им порача на фановите дека следните неколку месеци ќе ги посвети на опоравување и дека нема да настапува.

- Секогаш е најтешко да се разочараат фановите со откажувањето на настапите, но бидете сигурни дека се трудам да го забрзам закрепнувањето и наскоро да се вратам на концертите. Ги чувам вашите позитивни зборови во срцето, известувам што се случува, Мајкл Болтон ве сака сите - напиша тој на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријател

Ситуацијата пред изборот за нов претседател на ФИФА полека се вжештува. Дали Џани Инфантино и понатаму ќе ја води светската фудбалска асоцијација ФИФА по неговите контроверзни одлуки во последниот период. 

Предавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријател

По низата погрешни потези на Џани Инфантино, се чини дека се зголемуваат шансите тој да биде сменет на гласањето во март.

Европските федерации, пак, не го послушаа Инфантино и застанаа на страната на УЕФА.

Сепак, една голема федерација – француската – би можела да ги изневери останатите и да застане зад Инфантино.

Филип Дијало, претседателот на FFF, досега јавно се воздржуваше од коментар за ова прашање и сè уште официјално не ја повлекол својата поддршка за Инфантино.

УЕФА стравува дека Франција ќе го изневери планираниот бојкот и дека Диало е „новиот најдобар пријател“ на Инфантино.

Во меѓувреме, француската територија Нова Каледонија, која главно гласа исто како Франција, објави соопштение во кое го поддржува Инфантино.

Новинарот Ромен Молина, во видеото насловено „Француско предавство“, истакнува дека Диало одлучува самостојно и дека останатите членови на Извршниот одбор на ФФФ не биле информирани. За да го замени актуелниот претседател на ФИФА, на УЕФА ќе ѝ бидат потребни 106 гласа против Инфантино од вкупно 211 членки. Европа има 55 членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари

За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети.

За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците.

Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%.

За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%.

Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан.

Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на „екскурзија“ со семејството?

СДСМ: Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Разговори што не се официјални. Средби што не се пријавени преку Министерството за надворешни работи.

Преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на Владата.

Како е можно премиерот на една држава да оди на „неофицијални“ разговори за клучното прашање - европската иднина на Македонија, без знаење и без учество на дипломатијата?

Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани?

Одговорот е еден и јасен:

Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост.

Тој одлучува сам.

Тој преговара сам.

Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите.

Ова не е државничка одговорност. Ова е приватизација на државата.

Граѓаните имаат право да знаат:

Што е договорено?

Што е прифатено?

Што е скриено?

Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така.

И нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии.

Скопје, 15.8.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер