Мајката на Илон Маск ги замоли луѓето да не бидат злобни кон синот, сите ѝ се потсмеваат - Канал 5

Мајката на Илон Маск ги замоли луѓето да не бидат злобни кон синот, сите ѝ се потсмеваат

Мајката на Илон Маск побара од хејтерите да „престанат да бидат злобни“ кон нејзиниот син.

Мајката на Илон Маск ги замоли луѓето да не бидат злобни кон синот, сите ѝ се потсмеваат

Меј Маск (74) застана во одбрана на својот „генијален“ син и им порача на луѓето дека треба да бидат подобри кон него.

Во разговор за Би-Би-Си во третата епизода од шоуто на Илон Маск, таа зборувала за желбата на нејзиниот син да му помогне на човештвото преку неговите компании SpaceX, Tesla, а сега и Twitter. „Среќна сум што сите овие компании се во рацете на мојот паметен, генијален син“, изјавила таа.

Маск додала дека забележала дека „нејзиниот син е гениј“ уште кога бил дете и дека, „иако сите му се восхитуваат поради друштвото, никој не можел да издржи таков притисок бидејќи постојано се среќава со оние кои го мразат“. Затоа таа побарала од медиумите и хејтерите „да престанат да го исмеваат нејзиниот син“.

Нејзиниот апел веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи. „Мајка ми рече дека мора да бидеш добар со мене“, „Мислам дека сите милијардери треба да ги ангажираат своите мајки да ги бранат, тоа дефинитивно ќе помогне“, се ироничните коментари на корисниците на Твитер.

Некој исто така создаде меме на сопственикот на Твитер со натпис: „Мајка ми ми рече дека сум кул“.

Кога Илон го презеде Твитер и воведе промени во таа платформа, бројни познати личности и медиуми, како и луѓе на Интернет, остро го критикуваа. Посебна критика предизвика драмата со синиот знак, кој од првичниот едноставен систем за автентикација сега стана контроверзен пакет што се наплаќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Светската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на  новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. 

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура.

На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака:

Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X.

Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ.

Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик.

„Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка.

„Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ.

Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд.

Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница

Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница

Откако 5 години предметот за модуларната болница во Тетово се чуваше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, во која животите ги изгубија 14 лица, Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, не беше повикан ниту на разговор.

За да биде појасно што се случувало, треба да се потсетиме дека модуларните болници биле поставувани без соодветен надзор, без одобренија од општините и без одобрение од надлежното министерство, односно спротивно на правилата предвидени со Законот за градење.

Филипче склучил анекс на договорот со фирмата која ги поставувала модуларните болници, со што цената била зголемена за 20%.

Овој случај, во кој 14 луѓе го загубија животот, Абази го затвори со тоа што го спаси Венко Филипче. A што станува со измените на Законот за градење, за отсуството на елаборат за електрична енергија, како и за недостатокот на основни технички спецификации?

Досега, условни затворски казни добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, додека и самата болница како правно лице беше парично казнета.

Но, Абази оценил дека нема основ за одговорност од Венко Филипче.

Очигледно за Абази не биле доволни документите и вештачењата за да се отвори постапка против Филипче.

Па така, не е ни чудно што Филипче со потсмев ја поздравува оваа одлука, затоа што Абази си ја заврши задачата за која беше поставен во време на СДС, а тоа е да аргати за Заев, Филипче и Ахмети.

Секако, се појават нови докази, постапката за истото дело може повторно да биде отворена.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер