Мајка од пеколот – си го труела бебето со сол - Канал 5

Мајка од пеколот – си го труела бебето со сол

Британка си ја труела својата 18 месечна ќерка , откако истражила на интернет колку сол е доволно за да ја убие.

Мајка од пеколот – си го труела бебето со сол
Мајката од пеколот , чиј идентитет не се соопштува признала дека преку интернет барала податоци за дозата сол потребна да ја убие својата 18 месечна ќерка .
Во судот во Корнвол таа признала дека на девојчето му дало меѓу 21 и 24 грама сол . Солта не била растворена во храна или течност , туку и ја давала директно .

Вечерта , кога девојчето било однесено во болница , мајката не спомнала дека устата на бебето е исушена поради преголемото количество сол .

Докторите се уште не може да сфатат како вевето воопшто преживеало и велат дека е среќа што бубрезите не и откажале.

Судењето продолжува следниот месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото.

Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година.

Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита.

Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија.

Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF).

Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда.

Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори.

Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет

Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија.

Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија.

Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер.

Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски.

Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет

Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет.

Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот.

Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска.

Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото.

Усвојување на Охридска декларација

Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка.

Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него.

За Форумот и надлежностите

Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот.

Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот.

Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во преносот во живо – коментатор ја навреди Сабаленка!

Голем скандал изби за време на телевизискиот пренос на тенискиот турнир, откако коментаторот на телевизијата „beIN Sports“, Метју Солие, упати навредлив коментар за Арина Сабаленка.

Скандал во преносот во живо – коментатор ја навреди Сабаленка!

Не сфаќајќи дека микрофонот му е вклучен и дека публиката може да го слушне, коментаторот предизвика скандал што би можел да има повеќекратни последици.

Втората најдобра тенисерка во светот се наоѓаше пред камерите за време на едно промотивно снимање, при што позираше и испраќаше бакнежи кон публиката.

Сепак, во позадина се слушна гласот на коментаторот, кој – не знаејќи дека е во програма – рече:

„Гледај, гледај, гледај, ужасна е“.

Видеото од овој непријатен момент набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Случајот го привлече и вниманието на раководството на телевизијата „beIN Sports“, при што еден од нејзините челници, Флоран Узо, јавно ги осуди коментарите.

„Жалам за изјавите дадени вечерва за време на преносот во живо од завршниот турнир на ВТА (WTA Finals) и остро ги осудувам. Тие коментари не ги одразуваат вредностите на ’beIN Sports‘. Ја потврдувам нашата заложба сите спортисти и учесници во нашите преноси да ги третираме со почит“, изјави Узо.

Засега, Солие нема дадено коментар за инцидентот, додека Сабаленка јавно не се огласи по повод оваа непријатна ситуација.

Белоруската тенисерка моментално е втора на ВТА-листата, а во текот на својата кариера има освоено четири гренд слем титули. Таа, исто така, ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што на Инстаграм ја следат околу 5,7 милиони луѓе.

Овој инцидент претставува дополнителна непријатна ситуација за „beIN Sports“, особено со оглед на тоа што оваа телевизија обезбеди повеќегодишни права за пренос на АТП-турнејата во Франција, кои ќе стапат на сила од 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер