МакедонијаМагазинот „Сајенс Дајрект“: Светските експерти го поддржуваат методот за суво јаловиште најавен за „Иловица“Еколошки одговорно рударство: „Сувото јаловиште“ станува нов глобален стандард за заштита на животната средина и луѓето!„Сувото одлагалиште“ е една од најзначајните иновации во модерното рударство со која се елиминираат ризиците по животната средина. Светските експерти во научната студија „Модерна одржливост на рударството“ (објавена во списанието ScienceDirect) истакнуваат дека глобалниот индустриски стандард за управување со јаловина воспоставува сè построги правила за безбедност. За разлика од класичните, „влажни“ или водени јаловишта што наликуваат на големи езера со течна кал и огромна количина на токсични материи, т.н. суво јаловиште овозможува добивање сув материјал (сличен на влажен песок). Овој материјал лесно се обликува и безбедно се транспортира до местото за отпад. Компанијата „Еуромакс ресоурцес“, инвеститор во рудникот за бакар во Иловица, најави дека ќе го имплементира овој најсовремен метод. Преку писмо до Министерството за животна средина, тие потврдија дека ќе применат засилени мерки за заштита. „Нашиот проект вклучува создавање одлагалиште со висока густина (околу 90% цврсти материи и само 10% вода), што е огромно подобрување во однос на традиционалните методи. Намалените оперативни трошоци во комбинација со посигурна технологија го прават ова производство целосно изводливо за проектот 'Иловица-Штука'“, истакнуваат од компанијата. Примената на оваа нова технологија носи клучни придобивки за локалната заедница: -Намалување на загубите на вода од рудникот; -Забележително намалување на површината што ја зафаќа одлагалиштето; -Побрза и поефикасна рекултивација и рехабилитација на земјиштето. Рударството се наоѓа во предвечерјето на голема трансформација. Како што светот се насочува кон обновлива енергија и електрификација, побарувачката за клучни метали — бакар, литиум, кобалт и никел — се очекува четирикратно да се зголеми до 2040 година. Светските експерти заклучуваат дека за да се исполни оваа глобална транзиција кон чиста енергија, самото рударство мора да стане почисто, водејќи се од принципот: „зелените минерали мора да се рударат на зелен начин“. Линк до веста во Сјаенс ДајректКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во ЗелениковоЛокалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река. Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности. Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град. Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНадал најави враќање на теренот! Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви. „Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“. Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари. „Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook