3Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
АвтомобилизамМаестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во ГробникМакедонските TWINGO CUP претставници во ТОП 10 на првата трка одржана на тркачката патека во Гробник.Во конкуренција на 32 возачи - 7 Mакедонски натпреварувачи на Twingo CUP имаа фантастичен настап на тркачката патека во Гробник, Хрватска. За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со тајминг од 02:01.970, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969, додека пак трет - Мартин Костовски со 02:04.588. За прв пат се одржа Twingo CUP со најголем број на учесници што ја направи трката една од најдобрите досега, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите. “За влакно” ни побегна подиумот во генералниот пласман од причини што во последниот круг Давид Малинковски од 6-то место успеа да стигне на 3-та позиција на два свиоци пред крајот на трката влегувајќи во заветнина, со што добива повеќе моќ возилото, па многу големи беа шансите да заврши прв на пиедесталот. Но, еден од учесниците од купот излета, се преврте на кров при што беше дигнато црвено знаме на патеката и со тоа трката беше прекината. По правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше 6 - то пласиран. Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26). За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено Спорт успеаа да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја престават нашата држава. Со овој триумф на Малинковски веќе го засема првото место во генералниот пласман со 62 бода. Втората трка е закажана за утре (25.07.2021 – Недела) во 13:55 часот. Истата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаКлековски: Денеска детални резултати од контролата на прскањето против комарциДенеска ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше синоќа министерот за здравство Сашо Клековски.Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во грција се регистрирани во подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во врска со прскањето. Потенцира дека не може јасно да се воспостави директна врска меѓу бројот на случаи на западнонилска треска и бројот на прскања во општините. Клековски нагласи дека првиот случај на западнонилска треска во земјава е регистриран во 2011 година, а досега се регистрирани 54 случаи. Посочи дека имало и случаи кај мали деца со воспаление на мозокот, додека најголем ризик од смртен исход има кај лицата над 60 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитичка криза во Украина, на удар и претседателот Зеленски Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето.Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето – што претставува најголем внатрешен предизвик за украинскиот претседател Володимир Зеленски од 2022 година наваму. Триесет и петгодишниот Фјодоров беше долгогодишен сојузник на Зеленски сè до неговата неочекувана оставка од Министерството за одбрана во јули – само шест месеци по неговото назначување и ветувањето за спроведување темелни реформи. BREAKING: Former Ukrainian Defense Minister Mykhailo Fedorov called for restoring elections even during a prolonged war, saying Ukraine must find a “legal, safe and realistic mechanism” to resume the democratic process. He argued that “democracy cannot be held hostage by Russia”… pic.twitter.com/gb19llnI6R — Clash Report (@clashreport) August 18, 2026 „Демократијата не смее да биде заложник на Русија. Мораме да најдеме правен, безбеден и реален механизам што ќе ѝ овозможи на Украина да го обнови целосниот демократски процес, дури и во услови на долготрајна војна“, изјави Фјодоров. Во она што изгледаше како отворен предизвик упатен кон Зеленски, Федоров изјави дека Украина се соочува со „системска криза на управувањето“. „Стариот систем пречесто живее според сопствени правила. Тој се штити себеси. Се плаши од промени“, рече тој. Законот во Украина забранува одржување избори за време на воена состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на случаи на ебола во Конго надмина 5.000Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надмина 5.000, според владините податоци објавени во синоќа.Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надмина 5.000, според владините податоци објавени во синоќа, додека здравствените власти предупредуваат дека напорите за сузбивање на болеста не успеваат да го запрат нејзиното ширење. Седумнаесеттата епидемија на ебола во Конго стана најголема во историјата на земјата според бројот на случаи кон крајот на јули, а бројот на жртви за време на викендот достигна 2.378, соопшти Институтот за јавно здравје, надминувајќи ја претходната најтешка епидемија од периодот 2018–2020 година. Според најновиот извештај за состојбата, Институтот досега има регистрирано 5.021 случај, што ја прави оваа епидемија втора најтешка во светот – надмината единствено од епидемијата во Западна Африка во периодот 2014–2016 година – како во однос на бројот на заразени, така и во однос на бројот на смртни случаи. Актуелната епидемија е предизвикана од сојот „Бундибуџо“ (Bundibugyo) на вирусот ебола, за кој не постојат одобрени вакцини или третмани. Болеста брзо се шири откако на 15 мај беше прогласена епидемијата, бидејќи слабата здравствена инфраструктура, отпорот од локалното население, нестабилноста и протестите на здравствените работници вклучени во напорите за справување со ситуацијата ги попречуваат обидите за откривање и сузбивање на инфекцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00