Мадуро: Трамп го нареди моето убиство

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека е уверен оти американскиот претседател Доналд Трамп и наредил на колумбиската Влада и мафија да го убијат.

„Несомнемо е дека Трамп нареди да ме убијат, тој им даде инструкции на колумбиската Влада, колумбиската мафија да ме убијат. Доколку нешто ми се случи, Трамп и колумбискиот претседател Иван Дуке ќе бидат одговорни за тоа“ – изјавил Мадуро во интервју за „Спутник.

Коментирајќи ја можност за обид за атентат Мадуро изјави дека тој е добро заштитен.

„Мене секогаш ме штити народот на Венецуела, ние имаме добра разузнавачка служба“ – наведува Мадуро.

Кога станува збор за политичката ситуација тој истакнува дека е подготвен на преговори со опозицијата со учество на меѓународни посредници.

„Подготвен сум да преговарам со опозиција за доброто на Венецуела, поради мирот и нејзината иднина“ – изјавил Мадуро.

Тој истакнал дека американските санкции против нафтената компанија PDSVA се незаконити и оти Венецуела вложува напори за да ја стабилизира економијата.

„Американските санкции претставуваат досега “најлуда“ одлука на американскиот државен секретар Џон Болтон“ – изјавил Мадуро.

Тој додал дека во последните години во повеќе наврати се обидел да остави контакт со САД но без успех.

Зборувајќи за односите со Русија тој истакнал дека рускиот претседател Путин и дал поддршка на Венецуела на сите фронтови за што Каракас е многу благодарен.

БМВ во Кина произведе веќе 6 милиони возила, сега имаат голем план

„BMW I5“ што неодамна беше произведен во фабриката во Дадонг, Кина, означи пресвртница: целосно електричниот модел во Frozen Pure Grey беше 6-милионитиот автомобил од заедничкото вложување на BMW Brilliance Automotive (BBA).

Производството ја достигна оваа бројка само 15 месеци откако тие ја преминаа границата од пет милиони автомобили во февруари минатата година.

Овој резултат, велат од BMW, ја потврдува високата конкурентност на производствената мрежа во Шенјанг, која се подготвува за лансирање на Neue Klasse, што е веќе добро познато име за следната генерација електрични автомобили на BMW.

„Овој потфат е симбол на извонредните достигнувања овде во Шенјанг“, рече Милан Недељковиќ, член на Управниот одбор на BMW AG одговорен за производство. „Исто како и во сите други наши фабрики низ светот, фокусот овде е на конкурентноста и иновативноста.“

Во Шенјанг се гради нова фабрика за производство на високонапонски батерии од шестата генерација, по инвестиција од речиси една милијарда и 300 милиони евра. Инсталирањето на постројката и опремата започнало во март, а првите предсериски батерии се очекуваат на крајот на годината. Паралелно, во центарот за истражување и развој се вршат тестови и локални сертификати.

Neue Klasse ќе биде лансиран на глобално ниво во 2025 година, а производството во Кина ќе започне во 2026 година. Сите три фабрики на BBA - Dadong, Tiexi и Lydia - веќе се приспособени да произведуваат целосно електрични автомобили.

Големи поплави во Бразил: Расте бројот на жртвите, а дождот не престанува

Дождот се врати во Рио Гранде до Сул, а бројот на жртвите од историските поплави во најјужната држава во Бразил се искачи на 126, соопштија локалните власти.

Поради невремето и поплавите што ја погодија земјата во која живеат околу 10,9 милиони луѓе, речиси 340.000 луѓе се раселени, а 141 лице се уште се водат како исчезнати, соопшти Цивилната заштита.

Обилните дождови предизвикаа неколку реки и езера во регионот да го достигнат своето највисоко ниво досега, додека поплавите ги блокираа улиците и ја нарушија логистиката, предизвикувајќи недостиг на основни продукти во одредени области.

Метеоролошката служба МетСул објави дека во повеќето градови во Рио Гранде до Сул ќе продолжи да врне дожд, додавајќи дека постои висок ризик од невреме.

Земјата се наоѓа на географската точка на судир помеѓу тропската и поларната атмосфера, што создаде временска шема со периоди на интензивен дожд и периоди на суша.

Локалните научници веруваат дека моделот се интензивира поради климатските промени.

Во Каноас, еден од најтешко погодените градови во близина на главниот град Порто Алегре, повеќе од 6.000 луѓе престојуваат во сала на унверзитет, претворена во засолниште.

Апарецида де Фатима Фагундес рече дека не може да заспие бидејќи не може да престане да размислува за најлошиот ден во нејзиниот живот.

„Постојано се сеќавам на луѓето кои викаат „помош“, „помош““, рече таа. „Беше ужасно.

Владата соопшти дека повеќе од 385.000 луѓе се без вода, додека околу 20 градови се без телекомуникациски услуги.

Во четвртокот, федералната влада објави пакет мерки за помош за Рио Гранде до Сул, кој вклучува забрзување на исплатата на социјалните бенефиции и обезбедување поевтини заеми за земјоделците и компаниите.

Гувернерот Едуардо Леите изјави претходно оваа недела дека првичните пресметки покажуваат дека на Рио Гранде до Сул ќе му требаат најмалку 3,68 милијарди долари за обнова од штетите што се проширија на земјоделските области околу главниот град.

Познато е зошто холандскиот претставник е дисквалификуван од Евровизија

Според одлуката на организаторите, холандскиот претставник Јост Клајн вечерва нема да настапи во големото финале на Евровизија, соопшти ЕБУ.

Имено, тој е обвинет од член на продукцискиот тим, по скандалот што се случи по неговиот настап во втората полуфинална вечер.

Процесот се уште е во тек, а го истражува шведската полиција.

Меѓутоа, поради сѐ, организаторите решија да го исклучат од натпреварувањето и да го исфрлат од финалето. И ЕБУ излезе со официјално соопштение.

Инаку, откако вчера не се појави на пробата, во арената Малме настана целосен хаос.

За потсетување, Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.

Да потсетиме, тој синоќа заедно со уште девет финалисти од второто полуфинале присуствувал на конференција за медиумите.

Седел во близина на Израелката и цело време ја криел главата под знамето на својата земја, на страната од лицето што гледаше кон Еден. Кога таа почна да одговара на прашањата, Јост целосно ја покри главата.

притисни ентер