ЖивотНадреална глетка на Алпите, осветлени од поларна светлост (ВИДЕО)Германците синоќа успеале да видат ретка глетка на поларната светлина, поради невообичаено голема соларна бура.Феноменот, кој го осветлува ноќното небо во розова, зелена и треперлива тиркизна боја, може да биде видлив во некои региони и вечерва. Германската метеоролошка служба (DWD) објави на X снимка од Алпите во јужна Германија осветлени во розова боја, како и зраците на поларната светлина над хоризонтот на Франкфурт. И други снимки се споделени на социјалните мрежи. Die Alpen erstrahlen in Pink. Unsere DWD-Webcam auf der Zugspitze zeigt, wie der dort noch reichlich vorhandene Schnee das #Polarlicht reflektiert. Mit freundlicher Unterstützung von https://t.co/WZCTw4qbTV. pic.twitter.com/nbQFvEFJzp — DWD (@DWD_presse) May 11, 2024 Американските метеоролози од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) вчера предупредија на сончева бура од петто ниво, највисоко ниво на скала од пет - интензитет последен пат регистриран во октомври 2003 година. Auch über Offenbach und über der Frankfurter Skyline waren die #Polarlichter von der DWD-Zentrale aus gut zu sehen. pic.twitter.com/48WHL43V7t — DWD (@DWD_presse) May 10, 2024 Изворот на соларните бури - голема група сончеви дамки - е околу 16 пати поголем од дијаметарот на Земјата, според NOAA. Time-lapse of tonight‘s Aurora from Nashville 🤩🤩🤩#Auroraborealis #aurora #Nashville #TN@SonyElectronics #Nightsky pic.twitter.com/nznmtgcntP — Matt Tyska (@TyskaLabActual) May 11, 2024 Многумина во други земји исто така можеа да го видат феноменот, вклучително и Британија и Ирска. I’m still smiling. This was our view of the Northern Lights over Oxford, UK 😍 I expected a glow on the horizon, not dancing ribbons overhead, with colours I could just see with my eye! If you missed it last night there’s a strong chance you’ll see them tonight #Auroraborealis pic.twitter.com/4QelGFI3wf — Dr Becky Smethurst (@drbecky_) May 11, 2024 Аурора се појавува кога наелектризираните честички се судираат со гасовите во атмосферата на Земјата околу магнетните полови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКлучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина. Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори. Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“. Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври. ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери. Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки. Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ. Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар. Извор: Б92Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook