Мадона јасно покажа дека не го сака Трамп: Се прејадов (ФОТО) - Канал 5

Мадона јасно покажа дека не го сака Трамп: Се прејадов (ФОТО)

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД налути многу ѕвезди, меѓу кои и Мадона, која сподели со своите следбеници дека јадела торта со натпис „ Fuck Trump“.

Мадона јасно покажа дека не го сака Трамп: Се прејадов (ФОТО)

„Изедов премногу“, напиша таа покрај фотографијата од тортата што ја објави во нејзината приказна на Инстаграм. После тоа, 66-годишната пејачка објави приказна во која размислува за неговата победа.

„Се обидувам да сфатам зошто осуден криминалец, силувач, фанатик е избран да ја води нашата земја. Затоа што е добар за економијата?“ напиша таа.

Во пресрет на изборите, Мадона ја поддржа американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис и на Инстаграм објави дека се враќа дома од Париз за да гласа.

„Париз беше многу забавен! Беше тешко да се напушти, но морав да одам дома за да гласам за Камала Харис. Претседателка!“ напиша таа минатиот четврток.

Покрај Мадона, Камала ја поддржаа и Тејлор Свифт, Бијонсе, Џенифер Лопез и Карди Би, која исто така го сподели своето незадоволство од резултатите на американските избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави се надеваат оти Куба ќе избере „поинаков пат“.

Рубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“

Тој предупреди дека оние што веруваат оти можат да го видат крајот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, „ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“ доколку не го сменат правецот.

„Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат и дека некои од луѓето што ја контролираат кубанската влада ќе ги отворат очите за реалноста со која се соочуваат“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

Администрацијата на Трамп претходно изјави дека нејзината цел е „да ја промени комунистичката влада на Куба“.

„За жал, меѓу луѓето што продолжуваат да извикуваат револуционерни пароли, премногумина сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на оваа администрација без притоа да направат какви било промени или да преземат некаква акција. Тие грешат и ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин доколку не се поправат“, изјави Рубио.

Претходно оваа година, САД воведоа ембарго на нафтата кон Хавана, вршејќи дополнителен притисок врз Куба, која се соочува со недостиг на гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, во саботата пред Генералното собрание на ОН изјави дека Куба секогаш ќе биде отворена за дијалог со Вашингтон. За време на викендот, Трамп изјави дека очекува САД и Куба да постигнат договор и оти не смета дека ќе биде потребна воена интервенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две децении

Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.

Американските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две децении

Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна.

Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава.

Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“.

Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано.

Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје.

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата.

MG Collective × Bratot Apparel

Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура.

MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор.

Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите.

Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат.

Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер