Мачка го прекина мечот меѓу Венус Вилијамс и Дијана Шнајдер во Мајами (ВИДЕО) - Канал 5

Мачка го прекина мечот меѓу Венус Вилијамс и Дијана Шнајдер во Мајами (ВИДЕО)

На Венус Вилијамс и Дијана Шнајдер на тенискиот меч на Мајами опен во вторникот им се придружи неочекуван гостин.

Мачка го прекина мечот меѓу Венус Вилијамс и Дијана Шнајдер во Мајами (ВИДЕО)

На Венус Вилијамс и Дијана Шнајдер на тенискиот меч на Мајами опен во вторникот им се придружи неочекуван гостин: токму кога Вилијамс (43) требаше да го сервира вториот сет во играта , на теренот се појави мачка, пренесува People.

Животното трчаше од едниот до другиот крај на теренот по задниот ѕид, зад Вилијамс, чија глава беше свртена од тенисерите и публиката.

„Мачка го преминува теренот“, рече судијата во микрофонот.

Додека толпата се смееше, црно-белата мачка избега надвор од видното поле пред тенисерките да ја продолжат својата игра.

„Еве ја мачката. Таа е толку симпатична“, се слушна како вели еден коментатор за време на мечот на Тенискиот канал, додавајќи подоцна: „Не сум го видел тоа досега“.

Во последно време на тениските турнири зачестени се доцнењата поради влегувањето на животни на теренот.

Минатата недела четвртфиналниот натпревар меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев во Индијан Велс, Калифорнија беше прекинат поради рој пчели кои се појавија на теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. 

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата.

Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите.

За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посети градоначалникот Георгиевски, кој им честиташе за остварените резултати и им посака уште многу успеси во иднина. Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени.

Со ваквите проекти, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања. Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата.

Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции.

Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор.

„Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска.

Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима.

Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тепачка на трибините на мечот Иран - Нов Зеланд

Голема навивачка тепачка го одбележа натпреварот од Светското првенство меѓу Иран и Нов Зеланд одигран во Лос Анџелес. 

Видео: Тепачка на трибините на мечот Иран - Нов Зеланд

Првото коло од Светското првенство донесе интересен дуел меѓу Иран и Нов Зеланд, кој на крајот заврши без победник со резултат 2:2.

Нов Зеланд двапати имаше предност во текот на средбата, но Иран се врати двата пати и успеа да освои вреден бод на почетокот од Мундијалот.

Иако двете селекции имаа свои можности за победа, на крајот мораа да бидат задоволни со поделбата на бодовите.

Покрај на зелениот терен овој дуел бил интересен и на трибините.

По натпреварот се појавија видеа од инциденти на трибините, каде што беа снимени судири меѓу навивачите, што фрли дополнителна сенка врз воведниот натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер