МААЕ: Иран ги зголеми резервите со збогатен ураниум и врши тајни нуклеарни активности - Канал 5

МААЕ: Иран ги зголеми резервите со збогатен ураниум и врши тајни нуклеарни активности

Во извештајот се посочува дека Иран спроведува тајни нуклеарни активности во Лависан Шијан, Варамин и Мариван.

МААЕ: Иран ги зголеми резервите со збогатен ураниум и врши тајни нуклеарни активности

Во најновиот доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во кој увид имаа западни медиуми, се наведува дека Иран ги зголемил резервите на збогатен ураниум и извршува тајни нуклеарни активности на три локации користејќи материјали непријавени во МААЕ.

Во извештајот се посочува дека Иран спроведува тајни нуклеарни активности во Лависан Шијан, Варамин и Мариван.

Според МААЕ, Иран во последниот квартал од 2024 година, ги зголемил резервите на збогатен ураниум за 953,2 килограми на 9.247,6 килограми.

Иранските резерви на ураниум збогатен до 20 проценти во форма на ураниум хексафлуорид (УФ6) намалени за 332,3 килограми на 274,5 килограми, но во исто време резервите на ураниум збогатен до 60 отсто во форма на УФ6 зголемени се за 133,8 килограми, на 408,6 килограми.

Според дефиницијата на МААЕ, околу 42 килограми ураниум збогатен до 60 проценти е теоретски доволно, доколку се збогати дополнително, за производство на атомска бомба.

МААЕ повикувајќи се на изјави на поранешни високи ирански владини претставници Техеран има капацитети за производство на нуклеарно оружје./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски.

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница

Во 2001-та имало план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, потврдија лидерот на ДУИ, Ахмети и поранешниот премиер и тогашен министер за одбрана Владо Бучковски на синоќешната панел дискусија што ја организираше ДУИ по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Бучковски со отворен и директен говор изјави дека огромно е значењето на овој договор за македонската демократија и патот до Брисел, но Македонија тогаш според него била спасена од поделба со максималната ангажираност на меѓународната заедница. Лидерот на ДУИ, Ахмети му одговори дека ја сака Македонија исто колку што ја сакаат и Црвенковски и Мицкоски, а во своето обраќање порача и дека секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор, изјави Ахмети.

-Вклучувањето на меѓународната заедница, срамежливо покажувањето на првиот предлог на Фровик дека ќе дојде до разоружување, дека потоа треба да има еден сериозен политички процес беше воден од меѓународната заедница на начин кој го приближуваше и Али Ахмети од терорист, екстремист, водач на паравоената ОНА, да се трансформира во лидер на политичка партија, ценејќи го расположението на албанскиот етникум во тој момент...Не беше на почетокот отворен воениот конфликт само за правата на Албанците. Тлееше веројатно, затоа сме разговарале и со г-динот Ахмети, тенденцијата беше дека треба да се освои територија и да се направи обид да се подели Македонија, изјави Бучковски.

-Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски, затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност…Кога станува збор за прашањето на поделба, да, јас го имав проектот за поделба г-дине Бучковски и го имав одобрено од највисоките власти, но не го прифатив, бидејќи Албанците од Скопје немаше да бидат со мене. Јас ќе бев во Албанија, но Скопје, Куманово, Струга, Кичево, Прилеп, Велес, сите тие би биле надвор од границите на Албанија, изјави Ахмети.

Паралелно со настанот на ДУИ, течешеи владиниот настан по повод јубилејот кај Камениот мост во Скопје. Оттаму првиот вицепремиер Беким Сали и министерот за транспорт Александар Николовски испратија пораки дека Охридскиот договор треба да биде пример за градење доверба и соживот кој треба да го чуваат и негуваат идните генерации.

Годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше одбележана и со свечена седница во Владата, а ден претходно министерството за односи меѓу заедниците организираше и панел дискусија со политичари, експерти, новинари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Драчево е најголемото жариште на епидемијата со „западен нил“, барем според досегашните потврдени случаи. 

Вечерва трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Најголема загриженост предизвикуваат токму застоените води кои можат да се забележат на јавните површини тука, токму како што е случајот со овој канал. Тука, има соодветни услови за размножување на комарците кои го пренесуваат вирусот.

На состојбата влијае и близината на Маркова река која на делови им нуди слични услови на инсектите, исто како и длабоките одводни канали околу населбата.

Жителите на Драчево велат дека и покрај прскањето комарци има. Дел стравуваат и за своето, но повеќе за здравјето на децата, бидејќи знаат за нивните сограѓани кои поради тешка форма на болеста завршија во болница.

Дел од граѓаните сметаат дека неоходни се дополнителни мерки за да ги заштитат граѓаните во поризичните области.

Во Драчево повторно ќе се прска од копно, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Од Општина Кисела вода велат дека третото прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот вечерва, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, а препораката до граѓаните е во овој период да ги затворат вратите и прозорците од своите домови.

Во меѓувреме, од Инфективната клиника за Канал 5 потврдуваат дека има нови пациенти со воспаление на мозокот и мозочните обвивки кои се примени во болница, дел не се од Скопје, но кај нив се уште не е потврден вирусот, па засега остануваат триесетина кај кои со тестови е детектиран „западен нил“. Од нив 20 се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба, на респиратор, сите се повозрасни, со хронични болести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско

33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. 

Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско

Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот.

„Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци.

Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите.

„Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола.

Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов.

Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер