Lynk & Co донесува револуција во користењето автомобили - Канал 5

Lynk & Co донесува револуција во користењето автомобили

Освен класична сопственост, нудат целосен опсег на услуги кои се прилагодени на сечии транспортни потреби.

Lynk & Co донесува револуција во користењето автомобили

Значи, се нуди се`, од купување автомобил, преку членство во клуб и месечна кирија, па се до користење на автомобилот по потреба во рамките на т.н. програма за споделување автомобил. Најпопуларна услуга е изнајмување од 500 евра месечно за што се добива атрактивен кросовер со хибриден или plug-in хибриден погон. Ако сакате да го споделите автомобилот со други корисници, цената пропорционално ќе се намали.

Со ова може оптимално да се искористи автомобилот, и тоа со многу фер понуда. Така, Lynk & Co нагласуваат дека сопствениците на автомобили го користат возилото во просек само 4 проценти од времето. Со споделување, времето на користење се зголемува, а цената за изнајмување се намалува.

Право е да се каже дека оригиналните 500 евра вклучуваат 1250 км месечно, а за секој дополнителен километар се плаќа 0,15 евра. Трошоците за осигурување, сервис и дополнителни распределби како што се оние за гуми се на товар на сопственикот.

Lynk & Co е брендот кој стои зад кинескиот Geely, инаку сопственик на Volvo, а овој модел се базира на Volvo V40. Се нуди по цена од 35.000 евра, а во понуда се црна и сина боја.

Лошата вест е што нема многу филијали. Lynk & Co моментално се активни во десетина европски градови, од Гетеборг и Стокхолм на север преку Амстердам, Хамбург и Берлин, па сè до Минхен на југот на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

Полицијата  вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се откажува ли Милан од Леао?

Милан се откажува од  Португалецот Леао?

Се откажува ли Милан од Леао?

Италијанскиот фудбалски гигант Милан одлучил да го намали обештеувањето за својата ѕвезда на 50 милиони евра.

Рафаел Леао би можел да го напушти Милан пред затворањето на преодниот рок.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Рубен Аморим не го вклучува во своите планови и дека клубот веќе го известил тимот на играчот за тоа. Наводно, Милан е подготвен да прифати понуда која, вклучувајќи ги и бонусите, би достигнала околу 50 милиони евра

. Галатасарај би можел повторно да се обиде да го ангажира португалскиот фудбалер, откако Габриел Мартинели го одби трансферот во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер