3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
СветЛула да Силва до Трамп: Судењето на Болсонаро не беше лов на вештеркиБразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека судењето на неговиот екстремно десничарски претходник, Жаир Болсонаро, „не беше лов на вештерки“, што е спротивно на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп.Во својата прва реакција на 27-годишната затворска казна изречена на неговиот лут ривал за заговор за државен удар, Лула напиша во колумна во „Њујорк тајмс“, велејќи дека е „горд на Врховниот суд на Бразил за оваа историска одлука“, додека Трамп оваа недела ја нарече казната на Болсонаро „многу изненадувачка“. Бразилскиот претседател е во дипломатска криза со САД уште од судењето на Болсонаро, десничарски лидер и близок сојузник на Трамп, кој го казни Бразил со воведување царини од 50 проценти на бразилските стоки, а неколку судии на Врховниот суд на Бразил се под санкции на САД поради судењето на Болсонаро. 70-годишниот поранешен претседател беше осуден оваа недела за заговор за државен удар со цел да се спречи Лула да ја преземе функцијата, и покрај тоа што го победија на изборите во 2022 година. „Месеци истраги открија планови за атентат врз мене, потпретседателот и судиите на Врховниот суд“, напиша Лула. Трамп напиша дека судењето на Болсонаро „навистина го потсетило на она што се обидоа“ да му го направат - кога имал проблеми со судството затоа што ги повикал своите поддржувачи да го нападнат Капитол Хил во Вашингтон на 6 јануари 2021 година и да го спречат официјалното прогласување на победникот на претседателските избори што ги загуби, како и инаугурацијата на победникот на изборите, Џозеф Бајден. Бразилските судови го прогласија поранешниот претседател за одговорен за поттикнување немири против седиштето на владата во Бразилија на 8 јануари 2023 година, а Болсонаро тврдеше дека е „жртва на прогон“ и од домашен притвор во својот дом во Бразилија најави дека ќе се жали на меѓународни судови.Тагови: Болсонаро Доналд Трамп Лула да Силва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоОблачно и постудено со повремени врнежи од дождВремето денеска ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и утре претпладне. Наместа се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри дожд на квадратен метар.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 23 степени. УХМР Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Попладне, како и во текот на ноќта, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија. Утринава, 25.09.2026, најстудено е во Берово каде се измерени 5 степпени во 8 часот, по што следи Попова Шапка со 6 степени. Виница и Зајчев Рид со по 11 степени се најтоплите места утрово во Македонија. Во Скопје во 8 часот утрово УХМР измери 8 степени Целзиусови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околинатаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна ГрцијаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение за оштетување на куќата на Малески во СтругаОсновното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица за дејствија на кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица за дејствија на кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Првообвинетиот, управител на градежна фирма од Велешта, како инвеститор и изведувач на работи за уривање на објект, бил задолжен со решение од Управата за заштита на културното наследство да изготви идеен проект со строго утврден начин за уривање, со оглед на тоа што наведениот објект бил во непосредна близина и делел преграден ѕид и кровна конструкција со заштитената стара струшка куќа на Владо Малески. Меѓутоа, иако бил задолжен, тој изготвил само основен проект без утврден начин за уривање на стариот објект, а по уривањето на истата парцела започнал изведба на нов објект со подрум, приземје и кат. Копајќи за подрумските простории на новиот објект, обвинетиот извршил широк ископ со багер, со што го поткопал заедничкиот преграден ѕид меѓу двата објекти, што довело до дестабилизација и уривање и на куќата под заштита како културно наследство. Градежен инжинер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга се обвинети дека го изготвиле и одобриле одобрението за градење, без да биде приложен и идеен проект за уривање на претходниот објект на парцелата, со што му помогнале на првообвинетиот да го изврши кривичното дело. Обвинението го опфаќа и тогашниот градоначалник на Општина Струга кој го донел одобрението со кое, наспроти Решението на Управата за заштита на културното наследство му дозволил на првообвинетиот, покрај приземје и спрат, да изгради и подрум на објектот Обвинета за помагање на првообвинетиот е и архитектката – конзерватор во Заводот за заштита на културното наследство и музеј – Охрид кое изготвила мислење без забелешки по однос на усогласеноста на проектот со насоките од Управата за заштита на културното наследство и ја заверила техничката документација во која, спротивно на решението на Управата, се предвидувала изградба и на подрумски простории. Со дејствијата на обвинетите, на 15.10.2025 година, на улицата “Браќа Миладиновци” во Струга била оштетена стара струшка куќа прогласена за значајно културно наследство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00