Лукашенко: Добив понуда за пакт за ненапаѓање со Украина

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека од него било побарано да склучи пакт за ненапаѓање со Украина, јави државната новинска агенција Белта.

Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, ја обелодени наводната понуда на состанокот со владините претставници и безбедносните сили, каде што исто така ја обвини Украина дека му дозволува на Западот да ја користи нејзината територија за обука и вооружување милитанти кои би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата во Белорусија. .

„Тие бараат од нас да не влегуваме во војна со Украина под никакви услови, да не ги преместуваме нашите војници таму. Тие предлагаат да склучиме пакт за ненапаѓање“, рече Лукашенко, пренесе Белта. Од неговата изјава не е јасно дали Украина или Западот ја дале наводната понуда.

Киев не ги коментирал наводите на Лукашенка, а претходно украинските власти предупредија дека Русија може повторно да започне офанзива на северот на Украина од Белорусија. Кремљ одби „засега“ да коментира дали Лукашенко ќе разговара со Путин за наводната понуда.

Минск ѝ дозволи на руската армија да ја искористи белоруската територија за да изврши инвазија на Украина на 24 февруари минатата година. Меѓутоа, белоруските војници засега не учествуваат во војната, но се интензивира заедничката воена обука на белоруските војници со руските сили стационирани во Белорусија.

Лукашенко, исто така, денеска ја обвини Украина дека засолнила милитанти на нејзина територија кои би можеле да учествуваат во наводниот долгорочен план на Западот за дестабилизација на Белорусија. „Не знам зошто тоа им треба на Украинците“, изјавил Лукашенко.

Тој додаде дека белоруските сили ќе одговорат силно на секоја закана во земјата.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

притисни ентер