Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
1Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
ФудбалЛукаку со нов трансфер од Челзи- во сите трансфери на клубовите им донел над 300 милиони евраРомелу Лукаку е на чекор од преселба од Челзи во Наполи.Се е договорено, останува само да се потпише договорот, откако клубовите се договорија за обештетувањето кое изнесува 30.000.000 евра. Оваа вест прв ја објави сигурен инсајдер од фудбалскиот пазар, Фабрицио Романо, а како што наведе, трансферот би можел да достигне 45.000.000, со оглед на потенцијалните бонуси од нови 15 милиони. 🚨🔵 Romelu Lukaku to Napoli, here we go! Verbal agreement in place between clubs. Chelsea accept €30m fixed fee plus add-ons up to €15m for €45m potential package. Permanent transfer brokered by Ali Barat for Epic Sports. Lukaku will sign 3 year deal at Napoli until 2027. pic.twitter.com/Hc0pm21qZl — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 23, 2024 Исто така, се наведува дека белгискиот напаѓач ќе потпише договор на три години, односно до 2027 година. Со овој трансфер вкупната вредност на целокупното обештетување платено за Лукаку во текот на неговата кариера достигнува импресивни 369 милиони евра. За споредба, вкупно 247 милиони евра се уплатени за трансферите на Кристијано Роналдо, кој е осум години постар од Лукаку. Список на трансфери и позајмици на Лукаку: 2011: Трансфер од Андерлехт во Челзи за 15 милиони евра. 2013: Позајмица од Челзи во Евертон за 3,5 милиони евра. 2014: Трансфер од Челзи во Евертон за 35,36 милиони евра. 2017: Трансфер од Евертон во Манчестер Јунајтед за 84,7 милиони евра. 2019: Трансфер од Јунајтед во Интер за 74 милиони евра. 2021: Враќање од Интер во Челзи со отштета од 113 милиони евра. 2022: Позајмица од Челзи во Интер за 7,86 милиони евра. 2023: Позајмица од Челзи во Рома за 5,8 милиони евра. 2024: Планиран трансфер од Челзи во Наполи за 30 милиони евра. Останува да видиме како овој трансфер ќе се одрази на кариерата на белгискиот напаѓач, но едно е сигурно - Лукаку се наметна како еден од фудбалерите чии трансфери вредат најмногу пари во историјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампањаРуски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter