Луда забава на ПСЖ по поразот : Само Мбапе е трезен (ВИДЕО)

Огорченост и бес кај навивачите на ПСЖ предизвикаа снимките од лудата забава на нивниот клуб, откако го загубија со (2: 1) првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите против Борусија од Дортмунд.

Гневот на тренерот Тухел откако Нејмар одржа роденденска мега забава само 48 часа пред важен натпревар претходно овој месец, едноставно не ги допре sвездите на еден од најбогатите клубови на светот.

На зборовите на тренерот „Ова не е сериозен клуб“ по забавата на Нејмар, тројца други супер supвезди на ПСЖ одговорија со организирање на не помалку дива роденденска прослава оваа недела, веднаш по поразот на важен натпревар во Лигата на шампионите.

Икарди, кој во средата наполни 27 години, и Ди Марија и Кавани, кои сега имаат 32 и 33 години, изнајмиле простор каде се славеле до утрото со голема количина алкохол.

Според снимката, најжестоки биле Нејмар и Кавани, кои толку многу се опуштиле што се соблекле до половина, и, за изненадување, им се придружи инаку смирениот Навас. Француските медиуми објавија дека единствениот малку потрезен од играчите на ПСЖ на забавата бил Мбапе.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер