ЛШ 1/8 финале: Меси против Кристијано Роналдо - Канал 5

ЛШ 1/8 финале: Меси против Кристијано Роналдо

Познати осминафиналните двојки во најсилното и најбогатото фудбалско натпреварување на Стариот Континет. 

ЛШ 1/8 финале: Меси против Кристијано Роналдо

Попладнево во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за осминафиналните двојки во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Ждрпката беше немилосрдна кон двајцата најдобри светски фудбалери во последните десетина години, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Во првата нокаут фаза во Лигата на шамионите ќе видиме неколку супер интересни средби. Но секако најинтересно ќе биде на пресметката меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо, односно дуелот на гигантите ПСЖ - Манчестер Јунајтед.

Неизвесно осминафинале се очекува и на дуелите мегу поранешните шампиони Бенфика- Реал Мадрид, Интер - Ајакс но и на дербито Атлетико Мадрид- Барен Минхен.

Останатите осминафинални мечеви се:

Виљареал - Манчестер Сити

Салзбург Ливерпул

Спортинг - Јувентус

Челзи - Лил.

Првите мечеви од осминафиналето во ЛШ се играат на 15,16, 22 и 23 февруари, а реваншите се на програмата на 8,9, 15 и 16 март во 2022 година.

Ждрепката за четврфиналето и полуфиналето во елитната Лига на шампионите ќе биде на 18 март 2022 во Нион .

Финалето во Лигата на шампионите е на програмата на 28 мај во Санкт Петербург.

Инаку попладневната ждрепка во Нион ја одбележа и едне голем скандал направен поради грешката на водителот.

Пред судбината повторно да ги спои на дуел Меси и Роналдо , односно ПСЖ – Манчестер Јунајтед. Англискиот великан поради грешката на водителот на почетокот на ждрепката беше извлечен и споен со Виљареал. Но, веднаш потоа беше соопштено дека Виљареал и Јунајтед не може да се сретнат во осминафиналето бидејќи веќе играа во иста група во првата фаза од Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиер лигата конечно призна: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Англиското судиско тело „Pro Ref“ призна дека победничкиот гол на Манчестер Сити на дербито против Манчестер Јунајтед – со кој Сити обезбеди победа од 1:0 на „Олд Трафорд“ – не требало да биде признат. 

Премиер лигата конечно призна: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Во соопштението објавено во неделата навечер се потврдува дека дошло до „грешка во проценката“.

Од „Pro Ref“ открија дека стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед и ја признале грешката. Тие сметаат дека, во врска со голот на Ерлинг Халанд, ВАР-системот „требало да препорача преглед на снимката на самиот терен“.

Судиите во ВАР-собата проценија дека дефанзивецот на Јунајтед, Патрик Доргу, со својата позиција го држел Халанд во дозволена позиција. Сепак, проблемот беше Енцо Фернандез, играчот на Сити кој се наоѓаше во задниот дел на теренот и се обидуваше да стигне до топката пред таа да стигне до Халанд.

Иако Фернандез не ја допре топката, неговото движење очигледно влијаеше врз реакцијата на дефанзивецот на Јунајтед, Лисандро Мартинез, по што Халанд постигна гол на подалечната статива. Според фудбалските правила, голот требало да биде поништен поради ова.

По инцидентот во 60-тата минута од неделниот натпревар во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, можеме да ја разјасниме ситуацијата околу голот доделен на Ерлинг Халанд. Судиите на теренот досудија офсајд за Ерлинг Халанд. ВАР (VAR) го провери инцидентот и утврди дека тој не бил во офсајд.

Во текот на истата акција, беше утврдено дека Енцо Фернандез не играл со топката – фактор што ја прави секоја одлука за офсајд субјективна. Сепак, во овој случај, ВАР (VAR) не го препозна веројатното влијание на неговата позиција врз играта и требаше да препорача преглед на снимката покрај теренот.

„Pro Ref“ (Professional Game Referees) е телото задолжено за судењето во англискиот фудбал, познато како PGMO пред неговото ребрендирање ова лето.

Организацијата, предводена од поранешниот судија во Премиер лигата, Хауард Веб, го надгледува судењето во првите четири нивоа на машкиот фудбал, како и во Националната лига, Женската суперлига (WSL) и Премиер лигата 2 (за играчи до 21 година).

Во објава на платформата X, со која се објаснуваше зошто голот е признат, Центарот за натпревари на Премиер лигата наведе: „ВАР ја провери одлуката донесена на теренот за поништување на голот поради офсајд. Беше утврдено дека Халанд не бил во офсајд и беше дадена препорака голот да се признае. ВАР исто така процени дека Фернандез, иако бил во офсајд позиција, не играл со топката“.

Нагласувањето на фактот дека Фернандез не ја допрел топката се совпаѓа со снимката прегледана за време на проверката со ВАР (VAR), при што официјалните лица се обидуваа да утврдат дали играчот од средниот ред на Сити остварил контакт.

Сепак, правилото за офсајд јасно наведува дека играч може да се наоѓа во офсајд-позиција и без да ја допре топката.

Тоа се случува доколку тој попречува противник со тоа што го спречува да игра со топката или му го попречува видното поле, влегува во дуел со противник за топката, јасно се обидува да одигра со топка што е во негова близина – со што влијае врз противникот – или прави очигледно движење што недвосмислено влијае врз способноста на противникот да игра со топката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Обновена урбаната опрема во паркчето спроти „Олимпико“

Во паркчето пред зградата на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 147, Општина Карпош спроведе активности за обнова и уредување на постојната урбана опрема. 

О. Карпош: Обновена урбаната опрема во паркчето спроти „Олимпико“

Целосно се заменети дотраените дрвени даски на клупите, додека масата е освежена и повторно офарбана, со што просторот доби поуреден и естетски изглед.

Паркчето е простор што жителите го користат за одмор, релаксација и соседски дружења, па одржувањето на ваквите јавни површини е од особено значење за квалитетот на секојдневното живеење. Општина Карпош продолжува континуирано да вложува во одржување, обновување и унапредување на урбаната опрема, како и во поставување нова опрема согласно потребите и приоритетите на граѓаните.

Заедничката грижа за јавните простори придонесува за уреден, функционален и пријатен Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

ЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМ

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РМ.

Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, стои во соопштението од Јавното Обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер