Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната ценаЛозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини. На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено. Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати. Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени. Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко . Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, БакаПо повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка. Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми. Исто така, соговорниците разговараа за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања. Претседателката ги искажа своите ставови за потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилна бура ги погоди Франција и Британија, ѝ се заканува и на Германија (ВИДЕО)Првата моќна есенска бура, наречена Остен од британските метеоролози, го погоди северозападниот дел на Франција. Поради бурните ветрови, 23 департмани прогласија портокалово ниво на готовност, а бурата предизвикува прекини во сообраќајот и широко распространети прекини во снабдувањето со електрична енергија, објавува Euronews. Бурата брзо се засили над Атлантикот пред да се упати кон Британските острови и францускиот брег. Прво ја погоди Бретања во ноќта од четврток кон петок, а силниот ветер потоа се прошири во Нормандија и регионот Горна Франција. Налетите на ветер беа исклучително силни по должината на брегот. Во Поант ди Раз во департманот Финистер беше измерена брзина од 161 км/ч, а неколку метеоролошки станици исто така регистрираа рекордни брзини на ветерот за октомври. 🌀⛈️: The strongest winds of #Storm #Austen are now hitting Seine-Maritime with gusts up to 148 km/h in Fécamp! They are moving toward Hauts-de-France. 💨 ( https://t.co/McL4v7SWLN — World_Breaking_News03 (@Breaking2003) October 23, 2026 До денес наутро, околу 161.000 домаќинства останаа без електрична енергија, главно во Бретања, регионот Пеи де ла Лоара и Нормандија. Паднатите дрвја и лошите временски услови го нарушуваат и железничкиот сообраќај, предизвикувајќи неколку линии да бидат суспендирани како мерка на претпазливост. Мостовите се затворени во департманот Сена-Морит. Се шири во Велика Британија и Германија Мет-службата издаде портокалово предупредување, второ највисоко ниво, за Корнвол и Девон, каде што се очекуваат налети на ветер до 130 км/ч. Бурата го погоди подрачјето рано наутро. Според National Grid, операторот на електричната мрежа во Велика Британија, повеќе од 16.000 домови во југозападна Англија останаа без струја до доцна наутро. BREAKING: Thousands of homes have lost power due to Storm Austen. https://t.co/8rCnssEmTS — Rabindra. 🚩 (@rabindraX238) October 23, 2026 Ветрови до 100 км/ч се прогнозираат за јужна и централна Англија во текот на целиот ден, додека бурата се движи кон исток по должината на брегот на Ламанш. Во Германија, каде што националната метеоролошка служба ја нарече бурата Луиз, налети на ветер до 100 км/ч се очекуваат на запад и северозапад од земјата. Серија бури и ново предупредување за викендот Само неколку дена претходно, бурата Адам ги погоди јужна Франција и Шпанија, носејќи силни грмотевици и обилни дождови. Поплавите најмногу ги погодија француските департмани Гард, Буш-ду-Рон и Вар. Најмалку шест лица загинаа во Шпанија и јужна Франција, од кои две во Франција, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија. На крајот од викендот се очекува доаѓањето на уште една силна бура, Боело, која ќе донесе нови налети на ветер и обилни дождови. Британската метеоролошка служба веќе го зголеми нивото на предупредување за бурата Боело од жолто на портокалово за Северна Ирска, Шкотска и делови од северна Англија. Предупредувањето важи за сабота навечер и цела недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспораПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти. Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата. Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави. За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината. Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество. Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05