Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”
1Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”
ФудбалЛопетеги: Задоволен сум, но имаме уште многу да понудимеТренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги по натпреварот од првиот круг од новото првенство во Примера против Гетафе (2:0) забележа дека е задоволен од квалитетот на играта на тимот.Во исто време, според него, фудбалерите се уште имаат многу да понудат. - Ние доминиравме на натпреварот со добар тим. Практично не му дозволивме на Хетафе да направи ништо. Постигнавме два гола. Имаме уште многу да дадеме, но ние сме среќни. Квалитетот на играта ме задоволи, рече Лопетеги. Сакам да извлечам најмногу од тимот. Само на овој начин можете да стигнете до шампионскиот трофеј. Сето тоа зависи од нас, овој состав треба да биде одличен тим, додаде Лопетеги. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата” Првопријавената А.Н., во својство на Директор на Секторот за финансии и сметководство на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија заедно со второпријавената Д.Д, вработена на работно место Шеф на финансиски работи.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ. Првопријавената А.Н., во својство на Директор на Секторот за финансии и сметководство на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, заедно со второпријавената Д.Д, вработена на работно место Шеф на финансиски работи, целокупниот дневен промет за 2024 година во вкупен износ од 46.038.720 денари кој им бил доверен од сопствените продажни места на АД Државна лотарија не го уплатиле и депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки и од банкарските сметки на АД Државна лотарија подигнале парични средства во вкупен износ од 33.950.724 денари кои противправно ги присвоиле за себе. Со цел да ги прикријат трагите од извршеното кривично дело и недостигот на проневерените парични средства, вршеле префрлање на парични средства помеѓу банкарските сметки на друштвото, креирале налози за трансакции и реализирале уплати и исплати со кои лажно прикажувале дека биле извршени финансиски трансакции во значителни износи. Истовремено, изготвувале и употребувале невистинита финансиска и сметководствена документација, преку евидентирање фиктивни касовни исплати од благајната на друштвото, при што противправно присвоените парични средства биле раскнижувани на различни сметководствени конта врз основа на фиктивна документација, со што лажно се прикажувала нивната намена и се прикривал недостигот на средствата во деловните книги на друштвото. Со горенаведените дејствија, првопријавената А.Н заедно со второпријавената Д.Д. прибавиле противправна имотна корист, а на АД Државна лотарија на Република Северна Македонија му предизвикале имотна штета во износ од 79.989.444 денари. Во рамки на постапката, во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а врз основа на наредби од надлежен суд, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на вкупно пет локации, од кои четири на подрачјето на Скопје и една на подрачјето на Валандово. При извршените претреси се пронајдени и одземени поголем број предмети и материјали од интерес за постапката, меѓу кои сметководствена документација во оригинал која се однесува на АД Државна лотарија на Македонија, мобилни телефони, лаптоп-компјутери, USB-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема, парични средства, злато и златен накит, накит од брендот „Сваровски“, часовници со поголема вредност, како и брендирани чанти од познати светски производители, меѓу кои „Хермес“, „Луј Витон“„ Диор“ и други. Дополнително, надвор од една од претресуваните локации, во соседен двор, е пронајдена и одземена фрлена документација која е од интерес за постапката. Во рамки на спроведената акција, пријавените лица се лишени од слобода. Предметот е резултат на наодите на извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија во АД Државна лотарија на Република Северна Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕсенска дератизација на КарпошОпштина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година.Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се спроведува редовно и конитуирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, како и превенција од појава и ширење на заразни болести. Во рамки на есенската дератизација ќе бидат опфатени околу 5000 шахти на целата територија на Општина Карпош. Претходно, Општина Карпош спроведе акции за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите општински основни училишта и детски градинки на своја територија. Преку спроведувањето на редовните превентивни мерки, Општина Карпош обезбедува заштита на јавното здравје и создава побезбедна и поздрава животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров е домаќин на европските партнери од проектот „UrbanGreenLeap“Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен партнерски состанок на проектот „UrbanGreenLeap“, кој се спроведува во рамки на програмата „Interreg Euro-MED“. Проектот ги поврзува општините и стручните организации во заедничка работа на позелени, поотпорни и поквалитетни јавни простори. На отворањето на состанокот, градоначалникот Александар Стојкоски ги поздрави партнерите и посочи дека растот на температурите, потребата од повеќе квалитетно зеленило и заштитата на биодиверзитетот бараат практични решенија во кои ќе бидат вклучени граѓаните. -Нашата цел не е само да создадеме уште еден парк. Во Волково сакаме да создадеме мултифункционален, достапен и климатски отпорен јавен простор, развиен во соработка со експертите, локалните чинители и, пред се, граѓаните што ќе го користат - истакна Стојкоски. Пилот-просторот во Волково е дел од поширокиот пристап на општината кон планирањето на зелената инфраструктура. Искуството од неговото уредување, учеството на граѓаните и изработката на Планот за урбана природа ќе послужат за подобро планирање и управување со зелените површини низ Ѓорче Петров. Во проектот учествуваат десет партнери. Водечки партнер е Општина Цеље од Словенија, а покрај Општина Ѓорче Петров, партнери се IPoP - Институт за просторни политики од Словенија, Општина Јанина од Грција, Parkovi d.o.o. од Хрватска, Конзорциумот Oltrepò Mantovano и Ambiente Italia од Италија, Општина Будва од Црна Гора, CREAF од Шпанија и Универзитетот во Загреб - Факултет за шумарство и технологија на дрво од Хрватска. Како асоцирани партнери учествуваат Здружението на урбани општини на Словенија, Општина Сузара, Град Вараждин и Покраината Мантува. Општина Ѓорче Петров им се заблагодарува на сите партнери за досегашната соработка и за размената на знаење и искуства што ќе придонесат за реализација на пилот-проектот во Волково и за понатамошен развој на зелените површини во општината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter