Локалните жители бесни на познат актер- им го претворил пабот во вегетеријански фаст фуд - Канал 5

Локалните жители бесни на познат актер- им го претворил пабот во вегетеријански фаст фуд

Локалните жители на селото Пишил во Оксфордшир, Англија, се бесни на актерот Расел Бренд, кој наводно планира да го претвори единствениот паб во местото во веганска ресторан.

Локалните жители бесни на познат актер- им го претворил пабот во вегетеријански фаст фуд

Бренд и неговата сопруга Лаура Галачер живеат во блискиот град Хенли-он-Темз, а минатата година го купиле The Crown Inn во Пишил за приближно 850.000 фунти. Тоа е единственото место во селото каде се служел алкохол.

Освен пабот, кој, според The ​​Sun, бил изграден уште во 15 век, The Crown Inn се состои од посебна просторија во која може да се организираат разни настани, а во комплексот има и двособен „апартман“.

„Слушнавме дека сака да го претвори пабот во вегански фаст фуд ресторан. Зошто некој би сакал да го прави тоа? Очигледно не му била намерата да го користи пабот како паб. Тој воопшто не пие алкохол. Зошто некој би купил паб ако не сака да се пие таму?“, изјавил еден локалец за The Sun.

Бренд, кој инаку е веган, се уште не го коментирал негодувањето на локалното население.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?

Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија.

СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?

Прашањето е само едно: Дали ќе го пречекаат со ново знаме?

И уште поважно - каква боја добил? Дали поцрвенел од Брисел? Или само се испекол на сонце додека Гостивар сè уште користи техничка вода, без ниту еден документ дека е чиста дури и за тоа?

Ќе видиме дали Францускиот предлог конечно ќе го прифати како „ремек-дело на дипломатијата“, исто како што го прифати и Преспанскиот.

Ќе видиме дали конечно ќе признае дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани - како што веќе кажа претседателката.

Ќе видиме дали НАТО сè уште му е „феноменален“ сојуз и за граѓаните, и за инвеститорите.

Штета што ги избрка повеќе од 60%.

Во кампањата ветуваше „подобра преговарачка позиција“.

Ветуваше нови гаранции.

Ветуваше дека ќе го смени името.

Ветуваше дека никогаш нема да застане пред натпис „Северна“.

Денес нема ништо од тоа.

Има само „тајни разговори под радарот“.

Има „промакедонска“ партија во која функционери и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми.

Што те чека, Христијане?

Те чека кампања по урнек на Ванчо Михајлов - „талог“.

Те чека да му се јавуваш на Савевски и да почнеш со закани за апсење.

Те чекаат српските медиуми на Ало групата.

Те чека Ивона за Вучиќевиот Euronews.

Тоа се убавите работи што ги сакаш. Но има и други.

Те чека празен буџет.

Те чекаат плати и пензии.

Те чека Гостивар - цел месец.

Три цистерни вода за цел град.

Епидемија на жолтица.

Eпидемијс на Западнонилска треска.

Орце ќе прска прорив комарци дури во вторник - изгледа и тие што прскаат се на екскурзија.

Те чека отруена болница.

Пациенти во Тетово.

Ајде, почни.

Закани наместо решенија.

Лаги наместо одговорност.

Можеби и ова ќе го забраните со нов декрет - како оној за мигранти, по урнек на Хитлер.

Да не смее никој да спомене вода, треска, пациенти…

Добредојде назад, Христијане.

Граѓаните те чекаат.

И овојпат нема каде да избегаш.

Скопје, 14.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка. Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема.

Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците.

При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Германските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови.

Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.

Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај.

Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер