Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида - Канал 5

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Петгодишно момче почина откако голем видеоекран падна врз него вчера во основно училиште во Флорида. 

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува „Пипл“.

Заменик-шефот на полицијата во Палм Беј, Ник Шчепански, потврди на прес-конференција дека вработените во училиштето веднаш се јавиле на 911 и почнале сами да му помагаат на момчето додека не пристигнале болничарите. Семејството го идентификувало момчето како Белами Докинс-Морис.

„Според првичните информации, се чини дека станува збор за трагична несреќа. Сепак, нашите истражители од Одделот за специјални жртви и сериозни кривични дела, заедно со форензичарките, спроведуваат детална истрага“, објасни Шчепански.

„Очекувавме да биде безбеден во училиштето“

Полицијата и училишниот округ Бревард сè уште не објавија точно како паднал екранот. Семејството на детето им кажа на локалните медиуми дека им било кажано дека Белами го нишал екранот пред структурата да се преврти врз него. Поради ова, тие се прашуваат дали екранот бил правилно обезбеден и дали момчето било надгледувано.

„Очекувавме да биде безбеден во училиште, но не се врати кај нас“, рече тетката на Белами, Миријам Родригез. „Тагата се претвори во гнев. Бараме одговори, и тоа сега“, додаде таа.

Надзорникот на училишниот округ, Марк Рендел, го опиша вчерашниот ден како „неверојатно тежок ден“ за целата училишна заедница. „Денес изгубивме скапоцен млад живот и нема зборови со кои би се опишала таа загуба“, рече тој на прес-конференција. „Се сретнав со семејството пред малку. Се занимавам со оваа работа повеќе од 30 години и навистина не знаев што да кажам за да ја пренесам мојата болка и тага што сите ја чувствуваме“, рече тој.

Рендел им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот брз одговор и на болничкиот персонал за нивните напори да го спасат момчето. Тој нагласи дека негов приоритет сега е да им пружи поддршка на учениците, наставниците и на сите во училишната заедница. „Постои празнина во срцата на членовите на семејството и јас го чувствувам истото. Загубата е неопислива“, рече тој и ја замоли јавноста да биде со семејството на момчето и со училишната заедница на Ривиера во нивните мисли и молитви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

 Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата.

Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра.

Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер