СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?
1СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?
МакедонијаСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче АнгеловПо 24-часовна интервенција, куќите во селото Лознани, помеѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не се загрозени, информираа ноќеска директорот на Дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на битолските пожарникари, Христијан ТодоровскиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка со огнот која ја водеа пожарникарите и локалното население. Вчера во пелагонискиот реагион имаше повеќе сериозни пожари Ангелов и командирот на битолските пожарникари се сомневаат дека се работи за подметнати пожари. „Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожар кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, о од друата страна на патот“, информираше Тодоровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија.Прашањето е само едно: Дали ќе го пречекаат со ново знаме? И уште поважно - каква боја добил? Дали поцрвенел од Брисел? Или само се испекол на сонце додека Гостивар сè уште користи техничка вода, без ниту еден документ дека е чиста дури и за тоа? Ќе видиме дали Францускиот предлог конечно ќе го прифати како „ремек-дело на дипломатијата“, исто како што го прифати и Преспанскиот. Ќе видиме дали конечно ќе признае дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани - како што веќе кажа претседателката. Ќе видиме дали НАТО сè уште му е „феноменален“ сојуз и за граѓаните, и за инвеститорите. Штета што ги избрка повеќе од 60%. Во кампањата ветуваше „подобра преговарачка позиција“. Ветуваше нови гаранции. Ветуваше дека ќе го смени името. Ветуваше дека никогаш нема да застане пред натпис „Северна“. Денес нема ништо од тоа. Има само „тајни разговори под радарот“. Има „промакедонска“ партија во која функционери и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми. Што те чека, Христијане? Те чека кампања по урнек на Ванчо Михајлов - „талог“. Те чека да му се јавуваш на Савевски и да почнеш со закани за апсење. Те чекаат српските медиуми на Ало групата. Те чека Ивона за Вучиќевиот Euronews. Тоа се убавите работи што ги сакаш. Но има и други. Те чека празен буџет. Те чекаат плати и пензии. Те чека Гостивар - цел месец. Три цистерни вода за цел град. Епидемија на жолтица. Eпидемијс на Западнонилска треска. Орце ќе прска прорив комарци дури во вторник - изгледа и тие што прскаат се на екскурзија. Те чека отруена болница. Пациенти во Тетово. Ајде, почни. Закани наместо решенија. Лаги наместо одговорност. Можеби и ова ќе го забраните со нов декрет - како оној за мигранти, по урнек на Хитлер. Да не смее никој да спомене вода, треска, пациенти… Добредојде назад, Христијане. Граѓаните те чекаат. И овојпат нема каде да избегаш. Скопје, 14.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка. Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема. Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците. При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГолем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓеГерманските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови. Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови. Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај. You always see these apocalyptic scenes on the news, but you never, ever think it will be the view from your own balcony.... A massive forest fire has been raging in my small town in Germany since yesterday, and the firefighters are still struggling to get it under control 😔.… pic.twitter.com/LfL7ExBBos — Angelika (@Angelika250193) August 14, 2026 Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter