МакедонијаЉутков од Разловци: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци.На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, министерот нагласи дека Разловечкото востание од 1876 година е еден од темелите на македонската борба за слобода и државност, оценувајќи дека токму овде „македонскиот народ го разгорел жарот што подоцна прераснал во силен ослободителен бран низ цела Македонија“. „Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а тишината е најстрашната форма на ропство“, рече Љутков, додавајќи дека малите, на прв поглед „неуспешни“ востанија, се искрите од кои се раѓаат големите слободи. Љутков додаде дека Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Тој додаде дека сето ова е особено значајно за зачувување на историската меморија затоа што, како што нагласи: „секој обновен споменик, секоја зачувана приказна и секое спомнато име на разловечките јунаци претставува тивок, но моќен отпор против заборавот“. На крајот тој им оддаде почит на Димитар Поп Георгиев Беровски, Поп Стојан Карастоилов, Илија Марков-Дедо Иљо Малешевски, Никола Скрижовски и на сите познати и непознати учесници во Разловечкото востание, оценувајќи дека нивното дело ќе остане вечен извор на македонскиот непокор, достоинство и стремеж кон слободата.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМладите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија ЏиџеваВо организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска работилница за основци „Снимај паметно, остави трага“. Овој иновативен проект, кој се одржува под менторство на истакнатиот македонски филмски режисер Марија Џиџева, се фокусира на една од најчувствителните теми во современото општество – насилството меѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот. Проектот има за цел да ги трансформира паметните телефони на т.н. „Алфа-генерација“ – деца родени и израснати со технологија – од потенцијален извор на дигитално насилство во моќна уметничка алатка за социјални промени. Учениците од VIII и IX одделение низ интензивни лекции ги поминаа сите фази на филмското изразување: од генерирање идеја и пишување сценарио, преку снимање со мобилни телефони, па сè до финалната монтажа. Тие учат како да ги преточат своите лични соочувања со врсничкото насилство во филмски сценарија. Ова не е само едукација – ова е платформа каде гласот на децата станува визуелна реалност, а возрасните се тука за да научат како децата го доживуваат светот денес. -Работилницата е наменета токму за децата кои секојдневно се изложени на технологијата што придонесува за алармантно зголемување на врсничкото насилство. Целта на овие кратки форми е тимски да создадеме филмови каде што ќе го чуеме гласот на младите, ќе откриеме што ги мачи и ќе им помогнеме нвозрасните подобро да разберат како децата денес ги доживуваат булингот и сајбернасилството“, истакна менторката Џиџева.. Поддршката за овој визионерски проект доаѓа директно од Општина Кисела Вода. На прес-конференцијата по повод отворањето на 11. издание на фестивалската програма под мотото „На прво светло“, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази силно задоволство од соработката со фестивалот. -Преку ова партнерство и ставањето во функција на нашите две киносали во Кисела Вода, директно придонесуваме за создавање услови за промоција на филмската уметност, даваме конкретна поддршка на младите автори и ги доближуваме современите културни содржини до граѓаните, рече Стаменкоска-Трајкоска. Кратките филмови што децата ги создадоа во рамките на тридневната работилница ќе ја доживеат својата официјална премиера пред пошироката јавност на големото платно за време на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, кој свечено се отвора на 14 октомври во киното „Фросина“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Вевчани со нова инфраструктура, модерна механизација и подобри услуги за граѓанитеОпштина Вевчани во изминатата година реализираше значајни инфраструктурни и комунални проекти со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните и се создава поуредна, побезбедна и пофункционална општина.Во патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, обезбедени се средства за целосна реконструкција на четири локални улици во должина од околу 5 километри. Паралелно, реконструирано е и уличното осветлување, со поставување подземна инсталација и нови канделабри. Во текот на годината се реализираа и повеќе активности за уредување на јавните површини, пешачките патеки и пристапните патишта, како и изградба на бетонски канали за наводнување. Вевчани доби и бесплатен интернет во централното подрачје преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“, реализиран во соработка со GIZ. Значајни вложувања се направени и во развојот на туризмот. Реконструиран е дел од осветлувањето во локалитетот „Вевчански извори“, а активностите за целосно обновување продолжуваат. Воедно, продолжи и традицијата на манифестацијата „Вевчанско лето“, со која се збогатува културната и туристичката понуда на општината. Со средства од општинскиот буџет е уреден и дворот на детската градинка, со проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување и обезбедување дополнителни паркинг места, како и поставување нова ограда, клупи и корпи за отпадоци. Особено значајни се инвестициите во капацитетите на Јавното комунално претпријатие. Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се нова специјална машина за одржување на канализациониот систем и хидрауличен мини-багер. Дополнително, обезбедени се 850 канти за комунален отпад, со што секое домаќинство во општината доби бесплатна канта. Во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад обезбедено е и ново специјално возило за собирање отпад. Општина Вевчани продолжува со реализација на нови инвестиции, со фокус на инфраструктурата, комуналните услуги, туризмот и создавањето подобри услови за живот. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ предупредуваше сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без нови задолжувања.На седница одржана на 29 септември Владата на Мицкоски одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Парите се за буџетска поддршка. Ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годинава. А во 2026 година веќе нема доспеани долгови за враќање. Ова не е за враќање долгови туку за пензии и плати затоа што нема пари во Буџетот, и секако за криминални тендери. Со ова јавниот долг е веќе 11 милијарди евра, а со скриените долгови кон ЈПДП и другите јавни претпријатија тој надминува 63% од БДП. Дупката во буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална. Без економски резултат Мицкоски ги турка граѓаните кон должничко ропство. За само две години арамијата го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот долг на земјата од независноста до денеска. Ова е уште една потврда на предупредувањата на СДСМ за катастрофалната состојба со буџетот и дебаклот на економските политики на арамијата. Скопје, 07.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook