Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
3ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
МакедонијаЉупчо од Скопје е исчезнат две недели, семејството апелира за помошРечиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски.Речиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски – залепените плакати со неговата фотографија на бандерите, неуморните потраги и постојаните апели засега не вродуваат со плод, семејството и натаму живее во кошмарна неизвесност и агонија. Неговата сестра, Снежана Радовановиќ вели за нив и за Стојановски секој час е важен, а секој изгубен момент само ја продлабочува неизвеноста. Па апелира, првенствено до полицијата на поголема ажурност и посериозна потрага, а до граѓаните веднаш да пријават доколку го видат. -Син ми, речиси половина Ново Лисиче се ангажираше, со коли, со мотори го свртеа цело Скопје, никаква трага немаме, залепивме и плакати од него од Ново Лисиче до Железничка никој се нема јавено, никој го нема видено, не знам што да мислам стварно. Барам помош од полицијата, тие велат дека немаат никакви информации, се уште велат се трага, пуштено е по цела Македонија, ги проверивме границите, нема ништо, не излегол од границите, не знам веќе што да мислам и што да преземам. Ги молам, полицијата, го молам целиот народ во Македонија, кој и да го види да се јави. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски Од МВР за Канал 5 велат дека активата потрага по Стојановски продолжува и дека сите полициски станици во Македонија се известени и работат на случајот. Стојановски на 5ти август бил виден на Качанички пат, во казиното во кое работел, каде пиел кафе со колега, а кој потоа на семејството му посочил дека Стојановски бил дезориентиран. Од таму заминал да посети пријател во скопско Побожје, кога и последен пат неговата сестра му го слушнала гласот – набргу потоа му се губи секоја трага. Таа вели, при секој повик се буди надеж, но и стравот од најлошите вести. -Се јави еден пријател од жена му, бил кај него во Побожје, пиел и таму кафе и тој вечерта во 8 часот го оставил на рекорд и од тогаш се губи секоја трага на Љупчо, од тогаш се губи секоја трага на Љупчо. Единствено се јави една жена дека го видела во Козле кај верото, во 6 наутро, се јави уште еден човек дека го видел во 13ч исто во Козле, кај Украинска амбасада, поминал покрај него. Јас се надевам дека ќе го видам, дека ќе се појави од некаде, но друга страна ми кажува дека многу време е поминато. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски Стојановски од 2007ма година е под терапија поради психички растројства, која одбива да ја земе при посериозни емотивни раздразвнувања, но неговата сестра вели дека функционирал сосема нормално, дури и работел.Таа посочува дека најголема болка му било што неговата сопруга пред неколку месеци заминала со 10 годишно дете, за кое бил многу приврзан, а не го видел речиси половина година, што е и можен поттик за неговото исчезнување, вели таа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКапитенот на Србија, Богдан Богдановиќ гради луксузен хотел во Црна ГораНБА ѕвездата, капитенот на Србија, кошаркарот на Хјусотн Богдан Богдановиќ е инвеститор на нов хотел во Плужине, Црна Гора.Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ гради угостителски објект во општина Плужине во Црна Гора, во близина на Пива. Како што изјави Слободан Делиќ, претседателот на таа општина, култниот хотел „Пива“ е урнат за на истата локација да се изгради нов објект, пренесува Радио-телевизија Никшиќ. Кошаркарот на „Хјустон Рокетс“ го минал детсвото во ова место, па не е изненадувачки што одлучил да инвестира во овој проект. Се наведува дека неговото семејство станало сопственик на туристички објект со богата традиција уште во 2019 година, но дека сега ќе започнат со нова градба. „НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ гради хотел, па сопствениците полека започнаа со реализација на тој проект. Нивните планови опфаќаат поголема површина, но и поинаков дизајн. Во секој случај, очекувам дека новиот објект ќе биде изграден во наредниот период и дека ќе биде функционален и модерен, што значи дека ќе донесе нова вредност за нашата општина“, нагласи Делиќ. Името на Богдан Богдановиќ гарантира дека сè ќе биде според највисоките стандарди, иако деталите за сместувачките капацитети сè уште не се познати. „Самото тоа име и неговата репутација гарантираат дека многумина ќе слушнат за нашиот град и дефинитивно ќе дојдат да го посетат“, рече Делиќ. View this post on Instagram A post shared by Park Prirode "Piva" (@park_prirode_piva) Српскиот ас често истакнува дека голем дел од своето детство поминал во Црна Гора и дека е особено поврзан со Плужине.Тагови: Богдановиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРадар : Телеком на Србија се најде во фокусот на правосудните органи- прошталниот валцер на ЛучиќИако Телеком неказнето ја прекрши забраната за основање државни медиуми уште во 2021 година кога го лансираше Euronews Serbia, во 2023 година беше усвоен законски исклучок специјално за Телеком. А Телеком ја искористи оваа предност не само за монополизирање на медиумскиот пазар, туку и во културата, со тоа што издвојуваше пари за производство на филмски и сериски содржини исклучиво на „лојалисти“, пишува српски Радар. Фактот дека Владимир Лучиќ водеше компанија која можеше да се продаде за најмалку милијарда евра во времето кога ја презеде функцијата директор на Телеком Србија со долг од речиси пет милијарди евра не беше причина да се размислува за негово отстранување до 25 октомври. Очигледно, поранешната влада не ги жалеше парите (особено не парите што доаѓаа од граѓаните) за услугите што беше подготвена да им ги обезбеди, занемарувајќи ги тривијалностите како што се националниот интерес или законот. Дури за време на изборната кампања успеаја да вклучат уште две куртизани во понудата на телевизиски станици со национално покривање - Информер и Курир. Не е важно што не поминале низ потребниот јавен конкурс (имаат лиценци за дистрибуција исклучиво преку кабелски, сателитски и IPTV мрежи), Телеком им обезбеди видливост на целата територија на Србија преку обични антени. Таквото грубо кршење на прописите, Лучиќ го „оправда“ тврдејќи дека станува збор за „привремено и промотивно емитување“ кое ќе трае шест месеци, како Законот за електронски медиуми да предвидува дека можете да си играте со национални фреквенции неколку години, додека не видите дали навистина е за вас. Или, како што всушност изјави Лучиќ, за да се процени потенцијалот за зголемување на бројот на претплатници на заклучени терестријални канали, кои во моментов ги плаќаат само 6.000 луѓе. И кога 16, првенствено медиумски и новинарски здруженија, го повикаа Советот на РЕМ да покрене судски постапки против физички и правни лица кои го прекршиле законот со отклучување на тие канали, Телеком отиде чекор понатаму во самоволието - ја укина програмата ТВ Форум за своите кабелски корисници во Пријепоље за еден ден и ја емитуваше програмата Информер на истиот канал. Барањето за разрешување на Лучиќ пристигна по изборите, сепак, од два извори - Студентскиот список и Здружението на филмски режисери на Србија (AFRS). Претставникот на SL, Немања Каровиќ, ги објасни причините на РТС - поради финансиски злоупотреби во производството на телевизиски содржини и „перење пари“, како и затоа што финансирале политички поволни медиуми и ги потиснувале независните. „Тој ја монополизираше медиумската сцена, ги користеше парите на граѓаните за да ги задоволи политичките потреби на режимот, а не за да ги информира граѓаните навремено и објективно“, рече Каровиќ, се наведува во поширокиот осврт на српски Радар. На ови наводи се надоврза и лидерот на СДСМ , Венко Филипче, кој ја пренесе веста на својот X профил со текстот: „Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија.“ , објави Филипче. Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија. — Venko Filipce (@VFilipche) November 6, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСанкционирани 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум за неисправни светлосни уредиСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.На 05.11.2026 во времето од 09:00 до 16:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе Зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци кои ги чинат возачи на товарни моторни возила како што се претовар на товар, неправилно сместен товар, технички неисправни товарни возила итн. При контролата санкционирани се 43 возачи на товарни моторни возила, од кои една мерка е изречена за технички неисправно возило (неисправен уред за запирање), две санкции за претовар на товар, шест мерки за неносење соодветна опрема, седум санкции за неисправни светлосни уреди, девет мерки за неистакнати знаци за ограничување на брзината, една санкција за управување товарно возило со несоодветна категорија, една мерка за незастанување на даден знак стоп од страна на униформиран полициски службеник и 16 останати санкции за други видов прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: товарни возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00