Љубов сме – Jemi dashuri: Луѓето кои се соочуваат со рак во моментот се доведени во многу незавидна ситуација - Канал 5

Љубов сме – Jemi dashuri: Луѓето кои се соочуваат со рак во моментот се доведени во многу незавидна ситуација

Луѓето коишто седат дома не го прават тоа затоа што така сакаат како што мислат дел од граѓаните, туку за да се заштитат себеси и своите најблиски кои спаѓаат во ранливата група. 

Љубов сме – Jemi dashuri: Луѓето кои се соочуваат со рак во моментот се доведени во многу незавидна ситуација

Тие кои сакате да седите дома, останете си дома.Овој аргумент од граѓаните кои не веруваат во корнавирусот, односно во опасноста од него, повеќе пати проструи низ јавноста, па оттука е и реакцијата на групата Љубов сме – Jemi dashuri, која нуди помош и поддршка за пациентите со малигни заболувања. Имено, од групата реагираат на ваквите изјави бидејќи во луѓето кои остануваат дома додека сѐ уште е актуелна пандемијата со коронавирусот спаѓаат и оние кои се борат со канцер, или пак се бореле во минатото, но за жал и понатаму се вбројуваат во пациентите со хронични болести.

Луѓето коишто седат дома не го прават тоа затоа што така сакаат како што мислат дел од граѓаните, туку за да се заштитат себеси и своите најблиски кои спаѓаат во ранливата група. Колку повеќе не се почитуваат мерките што ги препорачуваат здравствените власти, толку повеќе се комплицира секојдневието на болните од рак.

Луѓето кои се соочуваат со рак во моментот се доведени во многу незавидна ситуација, бидејќи им се откажуваат контролните прегледи. Тоа откажување донекаде може да биде издржано со цел тие да се заштитат од вирусот, но кога тоа се пролонгира на долг рок може да доведе до компликации. На пример, пациентите и пациентките со рак на дојка во моментот се спречени да направат мамографски или ехо преглед и тоа ќе се пролонгира уште повеќе со непочитувањето на мерките од страна на одредени поединци – смета групата Љубов сме-Jemi dashuri.

Дел од овие пациенти примаат хемотерапија која создава болки во коските и мускулите, поради што докторите препорачуваат секојдневно пешачење, како активност која би можела да придонесе таквите нус ефекти да бидат поподносливи. Поради растот на бројот на заразени со коронавирус, овие пациенти се спречени во извршувањето на ваквата активност, која би можела добро да влијае врз нивното психофизичко здравје. Пациентите кои барем повремено излегуваат на прошетки ги почитуваат сите мерки носејќи маска и држејќи социјална дистанца, но тие повторно се доведени во ризик бидејќи вирусот може да им се пренесе од сограѓаните кои не ги практикуваат ваквите препораки од експертите.

Со непочитувањето на мерките поради скептицизмот кон вирусот, во ризик се доведени илјадници граѓани, ако се знае дека само на годишно ниво со рак се дијагностицираат по неколку илјади лица. Дел од нив се деца и токму тие, најневините се принудени да останат во своите домови на долг рок. Токму тие, за жал прерано се запознале со суровоста на животот па оттука Љубов сме-Jemi dashuri ги прашува граѓаните кои одбиваат да ги почитуваат мерките, дали вреди на едно дете да му се скратат крилјата, кога тоа и онака прерано било принудено да порасне?

Љубов сме-Jemi dashuri упатува порака до граѓаните кои не ги почитуваат мерките дека болните со рак може да живеат десетици години по воспоставувањето на дијагнозата, но доколку го добијат вирусот би можеле да бидат доведени во животозагрозувачка состојба. Оттука и апелот да се постапува посвесно и посовесно, а не според девизата „луѓето со хронични болести секако се во ризик и без вирусот“.

Групата која нуди поддршка на болните од канцер при тоа, рушејќи ги етничките и националните предрасуди во македонското општество апелира и до надлежните органи да ги засилат контролите и рестрикциите, со цел непочитувачите на мерките да бидат казнети, бидејќи во спротивно санкциите одат на грбот на луѓето од ризичните групи. Бидејќи се работи за група која нема механизми да постапува, се упатува уште еден апел и молба до сите да излегуваат што поретко, а кога ќе го направат тоа да носат маски и да одржуваат социјална дистанца, со цел крајот на пандемијата да дојде побргу, а со тоа да не се влошува здравјето на граѓаните кои прават сѐ за да го сочуваат истото, стои во соопштението од групата Љубов сме – Jemi dashuri.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

На 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба 

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

СДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“.

Денес излегоа пред камерите.

Покажаа медиумски наслови.

Кажаа многу зборови.

Само едно нешто повторно не покажаа: снимката.

Затоа уште еднаш, сосема едноставно:

СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“.

Не наслов.

Не интерпретација.

Изјавата.

Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи.

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија.

Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа терапија ја користат долгорочно и за кои континуираната и финансиски достапна терапија е од исклучителна важност.

Во рамки на активностите за проширување на изборот на лекови без доплата, Фондот претходно вклучи дополнителни лекови со генеричкото име mycophenolic acid во Шифрарникот на лекови. На тој начин, покрај поголемиот избор за осигурениците, беше создадена и реална конкуренција на пазарот, што придонесе за намалување на цената на Myfortic.

Како резултат на ваквиот пристап, цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари

Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката.

Истовремено, благодарение на претходно постигнатото намалување на цените, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари.

Со тоа Фондот ја постигнува една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција и пониски цени, без финансискиот товар да се префрли врз пациентите, а со истовремено порационално користење на средствата од здравствениот буџет.

Со тоа Фондот ја постигна една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција, намалување на цените и порационално користење на средствата од здравствениот буџет.

Во меѓувреме, Фондот доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини.

Со нивната недостапност на пазарот, пациентите повторно би биле изложени на доплата за достапната терапија со Myfortic. Имајќи предвид дека станува збор за специфична категорија пациенти на кои им е неопходен континуитет во терапијата, Фондот пристапи кон изнаоѓање решение со кое дополнителниот финансиски товар нема да падне на осигурениците.

По иницијатива на Директорот на Фондот, м-р Златко Перински, кој веднаш по преземањето на функцијата на ова прашање му даде приоритет. Во координација со Министерството за здравство, стручните служби на Фондот ги направија потребните финансиски анализи и подготвија решение со кое Myfortic во двете јачини повторно ќе биде достапен без доплата за осигурениците.

Предлогот предвидува усогласување на референтните цени на Myfortic од 180 mg и 360 mg на ниво што ќе овозможи осигурениците да не доплаќаат за лекот. Истовремено, и со ваквото усогласување, трошокот на Фондот за оваа терапија ќе остане понизок во однос на периодот пред постигнатото намалување на цената на Myfortic.

Материјалот ќе биде доставен на разгледување до Управниот одбор на Фондот на првата наредна седница. по што шифрарникот на лекови ќе се објави на веб-страната на Фондот.

Со ова осигурениците ќе можат да го подигнуваат Myfortic од 180 mg и 360 mg без доплата.

Со предложеното решение, Фондот истовремено ги штити пациентите од дополнителен финансиски товар и обезбедува поодговорно користење на средствата од здравствениот буџет. Пациентите ја добиваат потребната терапија без доплата, а Фондот за истиот лек издвојува помалку средства во однос на периодот пред намалувањето на неговата цена.

Фондот ќе продолжи активно да ги следи состојбите на пазарот на лекови и да презема мерки со кои конкуренцијата и рационалното управување со средствата ќе се преточуваат во конкретна придобивка за осигурениците – поголема достапност до потребната терапија и помал финансиски товар за пациентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер