Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик
2Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик
3Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец
МакедонијаЉубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Почитувани, вечерва во Само Вистина ќе гостува Љубомир Гајдов.На што се должат се’ почестите вербални напади од источниот сосед? На повидок ли е расплет на нашите ЕУ интеграции? Се враќа ли Западен Балкан високо на агендата на ЕУ? Само Вистина со Александар Видиновски и Љубомир Гајдов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска МакедонијаХристијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата. Од тоа се плаши Мицкоски. Нема да може повеќе да мести партиски тендери, милионски зделки со блиски фирми, злоупотреба на буџетските пари - нема да можат да крадат народни пари. За жал, цената за неговото заложништво ја плаќаат сите граѓани а најмногу младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси. Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт. Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори. Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа. Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава. Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард, силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар. Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности да напредуваат дома, а не да купуваат карта во еден правец. Европа значи пристап со развојни фондови, наместо задолжувања. А за Владата на Мицкоски Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста и одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат. Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација. Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари. Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги. Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“. Само што овој пат народот знае, воопшто не е наивен. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
ТехнологијаДоаѓа армија од машини: Кина ќе прави над 100.000 хуманоидни роботи оваа годинаКина очекува да произведе повеќе од 100.000 хуманоидни роботи оваа година, според Ган Сјаобин, заменик-директор на Одделот за наука и технологија во Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина.Во разговор со новинарите по повод Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) во Шангај, тој рече дека развојот на вештачката интелигенција и проширувањето на екосистемот на вештачката интелигенција го забрзуваат растот на роботската индустрија во Кина и е еден од клучните двигатели на идниот технолошки развој на земјата. Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) ќе се одржи во Шангај од 17 до 20 јули 2026 година, заедно со состанок на високо ниво за глобално управување со вештачката интелигенција. Организаторите најавија дека овогодинешниот собир ќе биде еден од најголемите глобални настани посветени на развојот и примената на вештачката интелигенција, со повеќе од 1.100 компании-изложувачи, над 3.000 презентирани производи и решенија и вкупен изложбен простор од повеќе од 100.000 квадратни метри. Програмата ќе вклучува повеќе од 140 тематски форуми, со учество на над 1.400 меѓународни гости, според веб-страницата на организаторите. Извор: Б92Тагови: Кина роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законикОпозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик.За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение кое ќе биде прифатливо за сите. Но, кога требаше договорот да биде финализиран, СДС, Левица и ДУИ решија да се повлечат и да го блокираат целиот процес. Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter