Лизагалиштето во Гостивар не работи заради високите температури - Канал 5

Лизагалиштето во Гостивар не работи заради високите температури

Од локалната самоуправа наведуваат дека типот на лизгалиште кое е поставено во Гостивар, близу до спортската сала „Младост", е така проектирано и може да биде функционално само кога дневните максимални температури се под 8 степени целзиусови.

Лизагалиштето во Гостивар не работи заради високите температури

Монтажното лизагалиште кое во јануари беше пуштено во употреба, не функционира заради неповолните временски услови, поточно заради високите температури, информираат од Општина Гостивар во одговорот на обвинувањата на локалниот огранок на ДУИ.

Од локалната самоуправа наведуваат дека типот на лизгалиште кое е поставено во Гостивар, близу до спортската сала „Младост", е така проектирано и може да биде функционално само кога дневните максимални температури се под 8 степени целзиусови.

– За наша среќа или несреќа, такви температури во текот на зимава имавме само малку, а во тие неколку дена лизгалиштето не само што беше функционално, туку го користеа голем број млади и деца во придружба на нивните родители. Неаргументирани се и обвинувањета дека лизгалиштето намерно не се става во употреба за да можат да се паркираат возила. Тоа е сосема нелогично, бидејќи површината што ја зазема лизгалиштето, без разлика дали е таа во функција или не, не може да биде користена за паркирање, велат од Општина Гостивар

За обвинувањата од огранокто на ДУИ, дека исчезнале лизгалките со кои Агенцијата за млади и спорт ја снабди спортската сала Гостивар, локалната самоуправа ги отфрла и ги квалификува како нетпочни.

– Им даваме до знаење и на нив и на секој што барем малку се сомнева дека тие се наоѓаат во просториите на спортската сала и секој што сака може да се увери во тоа, потенцираат од Општина Гостивар

Оттаму информират дека ниту едно од осумте лизгалишта во другите градови во земјава не било функционално во топлите денови и нагласуваат дека едно такво оддалечено на 25 километри, во Тетово, не е искористено ниту еден миг, но со оваа Општина, како велат гостиварските локални власти, раководи една од најекспонираните кадри токму на партијата која неосновано обвинува.

Од Општина Гостивар наведуваат дека според прогнозите на синоптичарите, температурите ќе се спуштат од среда и лизгалиштетто ќе биде повторно ставено во функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска актерка ужива во танга на плажа

Убавата српска актерка Ивана Дудиќ покажа како ужива во одморот, а со фотографија од плажата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. 

Фото: Српска актерка ужива во танга на плажа

Таа позираше во едноделен костим за капење, а кога му сврте грб на фотоапаратот, нејзините следбеници имаа што да видат.

Од напред сè изгледа умерено, но одзади, костимот за капење со танга-крој ги открива повеќето од нејзините атрибути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од него

Талула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси.

Брус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од него

Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство.

Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба.

„Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет.

Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд.

Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè.

Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија.

На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство.

Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!

Светски шампион, милионер – а вози вакво нешто?! „Ферари“, „Ламбо“, „Бентли“ на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останаа вчудоневидени!

Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!

Скако платените фудбалери на европскиот шампион ПСЖ на тренинг пристигнуваат во скапи автомобили, а потоа се појави , Шпанецот Руиз!

Неговиот избор ги остави сите без зборови.

Пристигнувањето на играчите на ПСЖ на тренинг честопати изгледа како вистинска парада на луксуз, но овојпат сите погледи не беа вперени во скапите „ѕверови“ на четири тркала.

Напротив! На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на играчите на францускиот гигант на тренинг, а меѓу многуте луксузни автомобили, една сцена особено ги изненади навивачите.

Иако околу него има автомобили што чинат вистинско мало богатство, шпанскиот репрезентативец се одлучи за сосема поинаков стил.

Шпанскиот репрезенативец на тренингот пристигна во „Smart“ – автомобил толку мал и невообичаен во споредба со она што се очекува од фудбалските суперѕвезди, што веднаш стана главна тема.

Француските медиуми претходно пишуваа дека Руиз привлекувал внимание на паркингот на ПСЖ токму со таков автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер