Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа - Канал 5

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти.

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода.

За среќа, народот на Ново Село беше на настанот со премиерот, каде што во огромен број изрази поддршка и не дозволи инцидент, со мирно и совесно однесување.

И потребата на Венко Филипче да се врати од одмор на јахтата на Заев и да се обрати токму од Ново Село е само поради желбата да привлече внимание, откако сè појасно е дека талогот од СДС падна на ниски гранки и се занимава со создавање инциденти, наместо со работа.

Додека Венко Филипче се занимава со хушкање, инциденти и организирање деца, денес Владата и премиерот Мицкоски обезбедија 149 милиони евра за градба на пруга кон Бугарија, проект кој беше заглавен од криминалната Влада на Заев и на Филипче.

Тие сакаат да се зборува за насилство, а не за работа. Венко донесе бугарски ултиматум и предавства, а премиерот Мицкоски обезбеди 149 милиони евра инвестиции за развој на Македонија. Има разлика.

И сосема на крај, сега е совршено јасно дека талогот во ова општество е Венко Филипче, човек без кредибилитет, без програма и со желба за инциденти и талог кој е подготвен да жртвува и млади деца, за да и ја одземе иднината на Ново Село и Македонија и да си обезбеди фотелја и привилегии. Тој е прочитана книга, а жителите на Ново Село испраќаат порака дека оваа политика е поразена и дека нема иднина.

Впрочем во текот на утрешниот ден ќе успеете да погледнете и разберете кои се децата што Венко Филипче ги нарече деца на Македонија, а со самото тоа ќе успеете да ја процените неговата состојба на ум.

YouTube video

Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Се очекува голем, моќен тајфун да стигне до копното во јужна Јапонија, Окинава и Амами.

Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“.

Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава.

Тајфунот се движи кон запад со брзина од 15 километри на час. Ветрови до околу 145 километри на час дуваат во близина на центарот на тајфунот, со максимални налети од околу 215 километри на час.

Ветрови од најмалку 90 километри на час дуваат во радиус од 220 километри од центарот на бурата. Се очекува максималната брзина на ветерот денес да достигне околу 125 километри на час во Окинава, 90 во Амами и околу 70 во јужен Кјушу. Налетите на ветерот веројатно ќе достигнат 180 километри на час во Окинава, околу 125 во Амами и околу 110 во јужен Кјушу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи.

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени.

За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер