Лилјак ѝ влетал во уста додека фотографирала - сега мора да плати над 200.000 долари - Канал 5

Лилјак ѝ влетал во уста додека фотографирала - сега мора да плати над 200.000 долари

Во август минатата година, Ерика Кан (33) го фотографирала небото во Аризона кога лилјак ѝ се заглавил меѓу главата и камерата и делумно ѝ влегол во уста додека врескала, објави KFF Health News.

Лилјак ѝ влетал во уста додека фотографирала - сега мора да плати над 200.000 долари

Нејзиниот татко, доктор, ја советувал да прими серија вакцини против беснило, иако Кан не верувала дека лилјакот ја каснал. Таа им изјавила на медиумите дека неодамна морала да даде отказ од работата како биомедицински инженер и дека купила полиса за здравствено осигурување преку интернет еден ден откако лилјакот ѝ влетал во устата за да ги покрие трошоците за медицински третман во Аризона, Масачусетс и Колорадо, објави Јаху.

Сепак, осигурителната компанија одбила да плати за третманот, наведувајќи го периодот на чекање од 30 дена. Ерика верувала дека нејзиното осигурување ќе ги покрие трошоците и таа го платила осигурувањето пред да оди во болницата во Флагстаф, Аризона, забележувајќи дека се јавила во компанијата пред да ја купи полисата и ѝ било кажано дека услугите поврзани со несреќи или „опасни по живот“ итни случаи ќе бидат покриени.

„Задолжителниот период на чекање за оваа услуга не бил исполнет“, соопшти компанијата. Откако била лекувана во четири различни центри, таа се соочила со сметки во вкупен износ од 200.749 долари.

„Мислев дека мора да е грешка“, изјавила таа за KFF. „Претпоставувам дека бев наивна“.

Медиумските извештаи сугерираат дека Кан оттогаш нашла нова работа, преговарала за намалување на една од нејзините сметки, воспоставила план за плаќање за друга и е во процес на жалба за останатите.

Таа рече дека жали што дозволила „празнини“ во нејзиното здравствено осигурување откако ја изгубила работата.

„Тоа е многу голема лекција што ја научив на тешкиот начин“, рече Кан, која сè уште се навраќа на инцидентот со допир на хумор.

„Сега знам каков вкус имаат лилјаците. Тоа е земјен, сладок вкус“, изјавила таа за KFF.

„Всушност, тоа е прилично смешна приказна - да не беше огромната медицинска сметка што следеше“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден.

Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество.

За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија.

Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани.

Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации.

Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор.

Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер