Потврден е и форматот на квалификациите за ЛШ и ЕЛ, што ќе се играат само за еден освоен натпревар до плеј-офот.
Познат е и последниот календар на европските клупски натпреварувања, кои започнуваат на крајот на октомври. Поради ,,густиот” распоред, Лигата на шампионите ќе се игра секоја недела, освен помеѓу 3. и 4 коло, кога паузата ќе трае три недели поради натпреварите во националните тимови. Нокаут фазата, како и досега, ќе започне кон средината на февруари, а финалето треба да се одигра на крајот на мај во Истанбул, што требаше да биде домаќин на годинашното финале.
Календар на Лигата на шампионите 2020/2021:
Квалификациска рунда: 8 и 11 август
Прво квалификациско коло: 18 и 19 август
Втор квалификациски круг: 25 и 26 август
Трето квалификациско коло: 15 и 16 септември
Плеј-оф: 22 и 23 септември (реванш натпревар една недела подоцна)
1. коло: 20 и 21 октомври
2. коло: 27 и 28 октомври
3. коло: 3 и 4 ноември
4. коло: 24 и 25 ноември
5. коло: 1 и 2 декември
6. коло: 8 и 9 декември
Осминафинале: 16/17. и 23./24. февруари (реванш на 9/10 март и 16/17 март)
Четвртфинале: 6 и 7 април (реванш една недела подоцна)
Полуфинале: 27 и 28 април (реванш една недела подоцна)
Финале: Не е утврдено
Календар на Лига Европа 2020/2021:
Квалификациска рунда: 20 август
Прво квалификациско коло: 27 август
Втора квалификациска рунда: 17 септември
Трето квалификациско коло: 24 септември
Плеј-оф: 1 октомври
Се чека потврда од УЕФА за другите датуми.