3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
Шоу бизЛиам Пејн пред смртта ѝ посвети песна на Наоми Кембел, постара 23 години од него Пејачот на „One direction“ Лиам Пејн ја снимил својата последна песна, пред смртта на 16 октомври, како посвета на љубовта кон манекенката Наоми Кембел, објави денеска „Дејли мејл“.Весникот наведува дека последната песна на Пејн „Closer to You“ е снимена само неколку недели пред неговата смрт. Песната е поднесена до судот во Буенос Аирес како дел од документ на 91 страница со повеќе од 400 досиеја составени од адвокати кои го застапуваат блискиот пријател на Пејн, аргентинско-американскиот бизнисмен Роџер Норес, како дел од тековната истрага за неговата смрт. Пејн се забавувал со Кембел неколку месеци во 2019 година и почнал да ја компонира „Closer to You“ набргу по нивното раскинување. Текстот зборува за неговиот копнеж „да се доближи до неа“, а открива дека токму таа „заминала“. Пејн и Кембел никогаш јавно не коментирале за нивната многу популарна врска, која се случила кога таа имала 48, а тој 25 години. Лијам Пејн почина откако падна од балконот на третиот кат во хотелот „Каса Сур“ во Буенос Аирес на 16 октомври. Аутопсијата открила дека во неговиот систем имало дрога, вклучително и крек и кокаин, а обвинителите откриле дека тој нарачал неколку шишиња шампањ и виски во последните часови во хотелската соба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook