Левица: Преговорите со Бугарија итно да прекинат

Во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ, каде ќе се одлучува за стартот на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ, на чиј пат стои препреката на Бугарија, ја предупредуваме јавноста дека и покрај тоа што премиерот Заев нѐ убедува дека не преговара ниту за јазикот, ниту за идентитетот, сепак, поучени од претходно, нема сомнеж дека спрема уште едно велепредавство! Впрочем, оттука и апсолутната нетранспаретност на Владата во однос на предлогот кој Заев скоро го достави до официјална Софија – трговецот на пиперки и бостан со амбиции да ја распродаде државата преговара токму за јазикот и историјата, поточно продолжува да го разнебитува темелот на националниот идентитет.

Изјавите од страна на претставниците на Унијата, дека таа е посветена кон изнаоѓање на „заедничко решенија", не се ништо друго освен уште еден подол обид во замајување на македонската јавност, исто како што беше и случајот со Преспанскиот договор и воениот сојуз НАТО. Политичкиот естаблишмент, замајувајќи го народот, се обидува да му создаде илузорен призор за неговата „светла" иднина, овој пат преку ЕУ. Заедничко решение кое штети само на едната страна не може да има! Проблемот е тоа што Бугарија, како и генерално самата ЕУ, не можат да го прифатат своето фашистичко минато. Додека пак, иднината на ваквата нереформирана ЕУ, е се' поизгледна како колонија и жртва на британско – американските интереси, а на штета на целиот европски народ.

Во ваква консталација, преговорите со ЕУ на Македонија ќе бидат само заради и во корист на туѓи интереси. Дополнително, ќе се создадат можности за поткусурување со државата на македонскиот народ и нејзина понатамошна ерозија, како преку влијанијата однадвор (империјалистички политики на финансиско поробување), така и преку влијанијата одвнатре (поддршка на трибалистичките политики кои се во полн налет).

Зарем не видовме дека истите оние кои имаат полни усти со „европски вредности", постојано (ќе) бараат и наоѓаат начини и преговори (за) членството во ЕУ да го искористат за лични интереси – за градење на нивните „дипломатски кариери", за наоѓање на нови пазари и нови клиенти за распродажба на народниот имот, јавното здравство, националните и природните богатства. Впрочем, и самата Бугарија е најдобра потврда за тоа.

Јасно е дека нема да биде донесена конечна одлука од Совет на министри на ЕУ.

Сепак, таква одлука ќе донесат шефовите на држави и влади на седницата на Европскиот совет, која е закажана за четврток и петок во Брисел. Зарем не се истите овие лидери кои ја аминуваа одлуката на Владата за промена на Уставот и името на државата, како и погребувањето на АСНОМ-скиот карактер на Македонија, без за сето тоа да имаат референдумска одлука за поддршка и легитимитет; зарем не се истите овие лидери кои премолчуваа отворен поткуп и закани кон пратеници со цел нивно „убедување" да дадат поддршка за сите овие измени; Зарем, сите овие господа не се истите тие кои ги охрабрија Заевци да направат национално предавство со Преспанскиот договор, ставајќи ја државата во потчинета положба наспрема друга држава – што е кривична одговорност на дело кое не застарува и за кое овој пат нема да има можност за аболиција!

Сите овие години, од распадот на СФРЈ до денес, спроведувањето на нео-либералните политики, токму под диктат на меѓународната заедница, Македонија ја претворија во транзициска депонија покрај патот на „евро-атлантските стратешки цели". Ваквиот, малтене, религиски занес на македонската јавност, во целост, ѝ создаде фанатични уверувања во фиктивен рај, преку привидението – членството во ЕУ.

Потребно е веднаш да се прекинат преговорите со Бугарија и во Собранието на Македонија, на дневен ред да се најде предлог – Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, која пратениците на Левица ја поднесоа уште во октомври минатата година. Претседателот на Собранието, неисполнувајќи ја деловничката должност која му ја налага функцијата, без нималку политичко достоинство, упорно ја задушува оваа наша иницијатива.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

притисни ентер